Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

0
By Zoran Ivanov on January 19, 2026 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 19, 2026 09:12

Мадрид: Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во тешка железничка несреќа што се случи синоќа во местото Адамус, во близина на Кордоба, во јужна Шпанија. Според првичните информации, до трагедијата дошло откако еден од возовите излетал од шините и навлегол на соседниот колосек.

Несреќата се случила околу 19:40 часот, кога три од последните вагони на брзиот воз на компанијата „Ирио“, кој сообраќал на релација Малага – Мадрид со 317 патници, излетале од шините на влезните скретници во Адамус. Вагони од шестиот до осмиот се префрлиле на спротивниот колосек, по кој во тој момент со брзина од околу 200 километри на час се движел воз на државната компанија „Ренфе“ на линијата Мадрид – Уелва.

Поради ова, вториот воз исто така излетал од шините и паднал по насип висок пет до шест метри. Во вагоните што паднале низ насипот се наоѓале 53 патници, соопштија официјални извори.

Возот „Ирио“ тргнал од Малага во 18:40 часот кон мадридската станица „Пуерта де Аточа“, а излетувањето се случило само еден час подоцна, на територијата на Адамус. Иако не се движел со истата брзина како возот со кој се судрил, точната брзина сè уште се утврдува. Возот успеал да запре кратко по несреќата.

Меѓу загинатите е и 27-годишниот машиновозач. Според извори блиски до истрагата, сите тешко повредени лица се веќе префрлени во болници. Хоспитализирани се вкупно 29 лица, од кои пет се во исклучително тешка здравствена состојба.

Надлежните служби спроведуваат истрага за да се утврдат точните причини за излетувањето и судирот, додека шпанската јавност е во шок од една од најтешките железнички несреќи во последните години. објави Скопје1.мк

ѓпаникја Железничка несреќа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.