Штотуку започна лидерската средба на претседателите на четирите најголеми партии во Македонија во присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли и претставникот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.
Ова е втора средба откако минатата недела Заев и Груевски изјавија дека ќе ја дефинираат рамката на дијалог но и двајцата рекоа дека се песимисти во однос на започнувањето на политички дијалог.
Според досегашната реторика на опозицијата, Заев останува на барањата за формирање на преодна влада и овозможување на фер и демократски избори.
Според неофицијални извори, на првата средба пак ДУИ излегле со предлог за мала реконструкција на владата без притоа да прецизираат на што точно се мисли.
Втората средба во Скопје е во тек, и се одвива зад затворени врати во Клубот на пратеници. Утре Груевски и Заев заминуваат на средба во Стразбур.




