Познатото списание за мажи „Плејбој“ за прв пат може да се купи во Ерусалим на хебрејски јазик. Интернационалното издание на списанието е достапно во Израел подолго време, но сега за него ќе пишуваа израелски новинари, а првиот број излегол во петокот.
Целната група се мажите на возраст меѓу 25 и 40 години “зрели мажи кои знаат да уживаат во животот“, како што изјавила портпаролката на списанието Данијел Питерс.
Текстовите кои се читаат од лево на десно, слично како арапското писмо, ќе бидат мешавина на оригинални израелски текстови и преводи од американските и другите изданија.
„Списанието ќе биде многу секси, но нема да се занимава со секс“, изјавил Даниел Померанк, издавачот на херејското издание на „Плејбој“.
Славниот основач на списанието Хју Хефнер, по повод новото издание рекол дека е горд што „магазинот ќе игра важна улога во јакнењето на слободата на говор, слободата на избор и слободдата на медиумите во еврејската држава.“
Се уште е неизвесно колку „Плејбој“ ќе биде прифатен во Израел кој важи за конзервативна земја, особено ако се има предвид дека ќе објавува фотографии на разголени израелски убавици.