Дури и холивудските инсајдери не можеа да го предвидат успехот на нискобуџетниот филм „Мамурлук“ (Hangover), во кој момчињата одат во Лас Вегас и таму запаѓаат во разни згоди и незгоди.
Во 2009 година, првото продолжение влезе во битката за „Златен глобус“ и ги лансираше кариерите на Бредли Купер и Зак Галифанкис и постигна толкав успех што мораше да се снимаат уште две продолженија.
Трилогијата, што никој не мислеше дека ќе стане трилогија ќе финишира со третиот дел, повторно во режија на Тод Филипс, чија премиера е најавена за во мај. Но, веќе излезе и првиот трејлер за филмот.