Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Негонењето полицајци го разниша „каузалитетот“ во судницата – адвокатите бараат да се запре постапката за дел од обвинетите

0
By Zoran Ivanov on February 2, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 2, 2026 14:11

Одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција дел од полицајците да не ги гони за директна поврзаност со смртта на 63 млади луѓе стана аргумент плус за адвокатите на дел од обвинетите во судскиот процес што е веќе во тек за кочанската трагедија, во којшто сите 35 обвинети се гонат за тешки дела против општата сигурност во врска со ставот предизвикување на општа опасност со предизвикување на смртни последици, односно дека обвинетите се виновни за смртта на младите.

Веднаш, на првото рочиште по брифингот на Обвинителството, адвокатите на дел од обвинетите побараа Јавното обвинителство да го преиспита гонењето на дел од обвинетите и да ја запре постапката за сите кои не се директно поврзани со смртта на младите.

Петре Шилегов, кој е адвокат на службеник од Министерството за економија, Шефкет Хазири, побара да се повлечат обвиненијата.

Од Обвинителството се контрадикторни за ист настан и исти околности против службени лица. За мене извесен е исходот со ваквиот став на Обвинителството. Мислам дека е поцелисходно наместо да продолжиме, Обвинителството да се преиспита. Едно судење државата ја чини 150 илјади евра. Тогаш сериозно треба да се преиспита и економичноста на постапката. Знам дека не сме во таа фаза, но ќе ви доставам копија од брифингот – изјави Шилегов.

Според него, одлуката на ОЈОГОКК потврдува дека за добар дел од обвинетите нема правна основа да се гонат за ова дело.

За добар дел од обвинетите во оваа судница едноставно нема правна основа нема опис на дело кое би им се ставило на луѓето на товар што е нешто што е потврдено и од стручната јавност нешто што беше наведувано од одбраната во воведните зборови, меѓутоа и нешто што го потврдува и ОЈОГОКК дека на дел од полициските службеници кои биле под истрага не може да им се стави на товар ова кривично дело бидејќи тоа бара непосредно извршување. Но, тие немале законска можност да вршат инспекциски надзор. Истото се однесува и за дел од обвинетите и за клиентот кој го бранам. Непосредно човекот го нема предизвикано пожарот, правиме муабет за административни работници, многу луѓе кои по барањето за издавање на лиценца постапувале по службена должност и во рамки на нивните надлежности, не биле органи коишто требало да го вршат инспекцискиот надзор. Имајќи предвид дека ова е најголем правен случај во смисла на последици не смееме да си дозволиме, ако веќе бараме, како луѓе, како граѓани да изградиме систем токму овдека, системот да биде срушен. Ова е вистинска можност точно да го изградиме системот. Тој систем не можеме да го изградиме со нанесување неправда на веќе огромната трагедија – рече Шилегов.

Претседателката на судечкиот совет, судијката Диана Груевска Илиевска, потврди дека Судот е запознаен со брифингот и дека побарал официјална одлука, но нагласи дека постапката не може да запре додека надлежното Обвинителство не се изјасни.

Судот се интересираше за содржината на брифингот, но додека нема формален став од обвинителството во овој предмет, судењето мора да продолжи – рече таа.

Обвинителот Борче Јанев укажа дека ЈО ги нема одлуките од брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за полициските службеници, посочувајќи дека таквите одлуки подлежат на оценка од повисоките ЈО и дека со оглед на краткиот рок не се конечни.

Обвинителниот акт напоменувам не опфаќа полициски службеници, а ЈО за нив опфаќа исти дела. Денеска во судницата сме по одобрен и стапен во сила обвинителен акт. ЈО ги нема овие одлуки на ОЈО ГОКК и со тоа нема увид дали се таму наведени оштетени лица и причините за штета – изјави Јанев.

Обвиненијата против полициските службеници вмешани во кочанската трагедија беа поднесени минатата недела и за разлика од обвинението кое беше поднесено под водство на тогашниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и сите обвинети се товареа за исто кривично дело, обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал Ивана Алексова Трајчева, го запре обвинението за седуммина полицајци за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, односно поранешните полицајци не се товарат дека ги предизвикале смртните последици. Дел ќе се гонат за злоупотреба на службената положба, а за дел и ова дело е застарено.

Не се докажала причинско-последичната врска со смртта и овие полицајци постапувале во делот на јавниот ред и мир и сообраќајот пред дискотеката. Полицајците пак кои биле внатре во дискотеката и началниците што го изготвиле акцискиот план ќе се гонат дека ги предизвикале смртните последици. Влегле премногу доцна во преполната дискотека и наместо да ја сопрат пиротехниката која била активирана кога влегле, барале малолетници низ дискотеката.

Извор: Слободен печат.мк

 

пулс судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.