НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трета ноќ пред Влада: На Македонија и се случува будење

0
By Менче Атанасова Точи on May 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Шаторите пред Влада останаа и оваа трета ноќ по ред. Граѓаните се помасовно се собираат да им дадат поддршка на луѓето што кампуваат. Многу музика, креативна програма, како и говорници имаше и вечерва. Пред граѓаните, активистите и сите што беа дојдени за поддршка говореше потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

„Сакаме да покажеме дека Македонија може да биде поразлична. Ги убивме во поим тие позади во Владата зашто им покажавме дека ова не е Македонија на човечиња, ги убивме со нашата радост, со нашата љубов. Во државата живеат луѓе кои сакаат промена и ние решивме дека ќе ја имаме вистината на нашата страна. Граѓаните со свои уши слушнаа како се добивале избори, како се влечеле за уши луѓе за да гласаат, судиите биле тука за некој да им пишува плусеви“рече Шеќеринска пред граѓаните.

Актерката Ирена Ристиќ ги потсети граѓаните зошто мора да си замине оваа Влада на чело со премиерот Груевски. Како што рече, тоа се лошите реформи, социјалната помош од 1600 денари, со која не може да се живее, заради ниските плати од 6000 денари на шивачките, заради Законот за хонорарците.

„Не може полуписмен човек да прави реформи во образованието бидејќи со тоа прави брутален експеримент со средношколците, а тие се нашата иднина“, рече Ирена Ристиќ.

Нема да си одам од оваа земја затоа што на Македонија и се случува будење, се случува ренесансна преродба, порача писателката Румена Бужаровска.

„Во последно време гледам будење , искра во очите на луѓето, насмевки полни со радост, гледам креативност, критичност. Тоа покажува дека се случува ренесансна преродба и сите треба да сме горди на тоа“, рече Бужаровска.

Говореше и активистот Жарко Трајановски кој нагласи дека активистите се коректори на секоја Влада.

„И во 2006-та година се кршеше Уставот но, сега тоа се прави 10 пати повеќе и никогаш порано не се исфралеле новинари како што тоа се направи на 25 декември во Собранието“, рече Трајановски.

Граѓаните порачаа дека остануваат тука додека не си замине оваа власт, а за Македонија не дојдат подобри денови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.