Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Луѓето во црно“ и тајниот хангар

0
By Zoran Ivanov on February 11, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 11, 2026 15:33

Обвинителката што седна на местото на Љупчо Коцевски, не дава изјави за медиумите, а деновиве се појавила на јавен настан, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на настан на кој новинарите не беа поканети. За да ја потврдат „прекрасна институционална соработка“. За марихуаната – ниту збор.

Фросина Факова Серафиновиќ

Петте тони што ја минале македонската граница и завршиле во Србија останаа во доменот „мали тајни на големите мајстори на кујната“. На македонските и на српските власти најверојатно им се расипале уредите за ловење дрога на сопствената граница, па почнаа да ја ловат кај „лошиот вонземјанин Зоран Заев“. Него го ловат добрите вонземјани – вмровци, но не и агентите што треба да го уловат.

Темни костуми, сериозни лица и „планина од докази“ во хангар што го чуваат специјалци, на тајна локација. Премиерот и министерот за внатрешни работи, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, позираат пред 40 тони марихуана. „Луѓе во црно“! Не ловат вонземјани, ловат – марихуана!

Петте тони што ја минале македонската граница и завршиле во Србија останаа во доменот „мали тајни на големите мајстори на кујната“. На македонските и на српските власти најверојатно им се расипале уредите за ловење дрога на сопствената граница, па почнаа да ја ловат кај „лошиот вонземјанин Зоран Заев“. Него го ловат добрите вонземјани – вмровци, но не и агентите што треба да го уловат.

Министерството за внатрешни работи (МВР) наместо да ги повика новинарите на прес-конференција и да објасни кој „спиел“ додека била шверцувана марихуаната кон северниот сосед, реши да го повика премиерот на тајната локација. Ја покажаа дрогата на снимката на МВР, но не кажаа каде е хангарот. За да не се дознае каде е скриена. Ја чуваат од крадци можеби.

Овие „историски“ заплени на десетици тони дрога „произведена“ надвор од законот (премиерот Христијан Мицкоски верува дека уловот ќе достигне и до бројката сто), не го даваат одговорот за „скромните“ пет тони што излегле од контрола, па наместо јавноста да им поставува прашања на властите, премиерот им поставува прашања на новинарите.
– А од каде знаете дека петте тони се од Македонија? – рече Мицкоски и заборави тоа да го праша и колегата српски премиер Ѓуро Мацут.

Мицкоски ги повика новинарите да дадат исказ во МВР или во Обвинителството. Божем тие го измислија скандалот. Српското обвинителство за организиран криминал веќе посочи дека има осомничени и уапсени, а меѓу нив е и еден од сопствениците на македонската фирма, кој всушност ја транспортирал дрогата. Обвинителството уште објави и дека организираната криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што набавила пет тони наркотична дрога марихуана на територијата на Македонија од почетокот на јануари до 29 јануари.

Според српското обвинителство, осомничен е Иван Драгниќ, кој ги транспортирал наркотичните дроги преку границата до магацинот на семејството на осомничениот Небојша Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ги подигнал за понатамошна продажба. Тоа го поврза Драгниќ со македонската фирма со магацини кај поранешната фабрика ОХИС.

Нашето Обвинителство како да не постои. Само штуро соопшти дека акцијата уште трае и дека се поврзуваат 40-те запленети во Македонија со петте тони фатени во Србија.

Обвинителката што седна на местото на Љупчо Коцевски, не дава изјави за медиумите, а деновиве се појавила на јавен настан, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на настан на кој новинарите не беа поканети. За да ја потврдат „прекрасна институционална соработка“. За марихуаната – ниту збор.

Во јавност нема излезено ниту директорот на Царинската управа Бобан Николовски, кој откако е седнат на директорското столче, без престан ја фали успешната работа на институцијата што ја предводи.

Како и во многу други случаи, се чини единствено надлежен за изјави за „проблематични теми“ е премиерот, а потоа истото, како папагали го повторуваат сите од партијата.

Мицкоски стана експерт за марихуана, за сув цвет, пресуван, експерт за тоа дали канабисот се одгледува на ниви или на затворено. Ни објасни како се прави масло, како шлагворт за поентата, односно кој е виновен што толку марихуана, наместо за медицински цели, завршува на црниот пазар. Се разбира, тоа е „кланот Заеви“.

Заев само јавно го прозиваат и тој е виновен за сè. Иако нема ниту една сериозна истрага против него. За да ги докажат секојдневните тиради дека тој го искраде народот.

Фабриките, и скопската, и таа од озлогласената Струмица, работеле незаконски. Не ги почитувале законите и правилата, ама, ете, нема уапсени, ниту осомничени.

Проверката на фабриките, по една и пол година на власт, му доаѓа како „по свадба – тапани“. Како што се проверуваа дискотеките по трагедијата во Кочани. Оваа трагедија не само што смени ништо, туку и уште се издаваат лиценци на „жими мајка“. Прскалки во затворен простор сè уште се палат.

Оваа историска заплена не ја убедува јавноста дека ќе го смени црниот бизнис со марихуана. Неофицијалните брифинзи се дека марихуаната поминала со камион заведен како да пренесува друг вид стока, но официјално тоа никој не го потврдува.

Царинската управа можеби сè уште не може да најде како марихуаната излегла, во кој камион била, дали во еден или во повеќе, но сигурно се свесни дека некој дошепнал за неа. Американската агенција за борба против дрогата ДЕА молчи, но очигледно ниту на Србија ниту на Македонија им е мило што толку дрога излезе на виделина.

Србија си молчи, Македонија замајува, само „луѓето во црно“ се сликаат на спотови.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

 

марихуанановиќ Фросина Факова Серафи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.