Published: Thursday, February 12, 2026 13:08
Во 12 часот започна протестот на ССМ пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев.
Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да ги блокираме. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да и мрзнат на Владата на улица само за да ги блокираат како што овие ги блокираат работниците, некои 36 години, некои две години, а некои една година, најави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред протестот.




