Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Не трошете пари на чалам – освен, освен ако …

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 19:19

Зоран Иванов

Во Владата размислувале да купат авион и блиндирани аута.

Баталете таа замисла.

Дечки во владата, не се чаламете и не трошете државни пари за непродуктивни државни луксузи.

Ич не ви треба владин авион.

Ич.

Авионите се скапа играчка.

Рационалната и евтина варијанта е кога ќе ви притреба да изнајмите.

Има сервис центри за изнајмување авиони и блиндирани аута и во соседството и малку пошироко. Ги има колку сакате.

Ем евтино и рационално ем ефектно.

Тоа пак колку се потепаа странскиве држави да не` канат на официјални билатерали или колку па се затрчаа, се потепаа да ни доаѓаат во посети за да ги возикаме од аеродром до Влада и Водно во блиндирани аута, тоа е друга тема за другпат.

Оваа е за авионот.

А тие, авионите, се за побогати и за подинамични држави кои можат добро да ги чуваат и редовно да ги одржуваат согласно стандардите на производителот и прописите на воздухопловните власти.

Авионите летале, не летале исто им е.

Ресурсот не им е толку во часовите летање колку во времето џабе поминато на земја.

И не пилотите туку прашајте ги авио механичарите за совет, тие нај реално ќе ви кажат.

За блиндираните возила исто.

Изнајмувајте зашто и за нив важи истата формула.

Поевтино е и друг ќе им го бере гајлето и за нивното прескапо одржување.

Баталете тоа занесот како тој кога жабата си умислила дека е коњ.

Ова, освен …

Освен ако поривите да се лета муфте и онака за ќеиф од бес или поради неостварени детски соништа од времето на „чичко пушти летки“, се посилни и од разумот за тенкиот државен буџет и посебно за актуелната македонската социјална слика, за оваа европски нај бедна.

Владионот авион, секако е алатка корисна за некои од владините и воопштои државните функции и потреби .

Но кога на барање на јавноста од владата не одговараат, не објавуваат список на патниците за Сплит на пример, па и на оној лет за Прага, па и на оние купче за Будимпешта, па и на …., и на …, ете ги сомнежите за злоупотреба на потребната државна алатка.

За потсетување е дека само до пред година и пол, летовите на авионот кој се води како сопственост на македонската влада, а со кој стопанисува Службата на Владата за општи и заеднички работи – СОЗР, можеше да се следи на наменски веб-сајт но, од минатото лето, дали токму од пред летот Скопје – Сплит во август лани, овие податоци веќе не се јавно достапни.

Но, вистината, нели, е како шило и кога тогаш таа ќе изрти во јавноста.

Впрочем, меѓународен стандард и со меѓународни но и со домашни прописи во цивилната авијација е озаконето дека сопственикот на воздухопловот или организаторот на летот е должен да изготвува планови пред секој лет и да депонира извештаи после секој лет.

Во тие задолжителни хартии се задолжителни податоците како за подготвеноста, за исправноста на леталото, за нивото на горивото и маслото, за часот на полетување и на слетување, за … и, задолжително, и список со точни персонални податоци за посадата и за патниците.

Со име и презиме и без исклучо за секој во авионот.

Па, ете им шанса и на СОЗР и на Владата да се исправат пред прашањата на јавноста за тоа кој кога каде и со кого летал наваму – натаму со народниот авион Z3-MKD.

И, за да не го заборавам насловот, потсетувам на темата од почетокот на текстов – не трошете пари на чалам освен, освен ако коренот за авио поривот сепак тлеел некаде наназад во детството.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.