Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасада на САД: Апсурдни се тврдењата дека Западот прави дестабилизација во Р.М

0
By Влатко Чаловски on May 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2015 16:01

Апсурдни се обвинувањата дека САД се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија, реагира американската амбасада во Скопје за НОВА, на прашањето за став околу изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој неодамна директно го обвини Западот дека врши притисок врз премиерот Никола Груевски.

– Неодамнешните обвинувања дека САД или некои американски организации се инволвирани во заговор за дестабилизација на Македонија се апсурдни. Соединетите Американски Држави сакаат мир и стабилност во Македонија, како дел од нашата постојната цел за “Европа цела, слободна и мирна“. Македонските граѓани и нејзините лидери сакаат да се вклучат во ЕУ и НАТО, знаејќи дека тоа е најдобриот пат за безбедна и просперитетна Македонија. Ние целосно се согласуваме со тоа, се вели во реакцијата на амбасадата на САД.

Во последната изјава пак, рускиот шеф на дипломатијата рече дека неколку луѓе кои се претставувале како претставници на ОБСЕ, а биле без мандат, кон крајот на април извршиле притисок врз Груевски. Мисијата на ОБСЕ во Скопје, не ги коментира неговите изјави.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје не објаснува изјави кои не се дадени од страна на Мисијата. Исто така, нашата Мисија не коментира посети во земјата или во Мисијата на ОБСЕ во Скопје од страна на ниту еден постојан претставник на ОБСЕ, бидејќи таквите посети се одвиваат самостојно“.

Лавров рекол дека од теренските информации за случувањата во Македонија можело да се заклучи дека целата ситуација во оваа земја е наметната од Западот во обид да направи нова украинска револуција.

– За да не се случуваат вакви работи повеќе од седиштето на ОБСЕ и од генералниот секретар на ОБСЕ и актуелниот претседавач Ивица Дачиќ, побаравме објаснување за ова како можело да се случи. Бидејќи има голем број од самопрогласени медијатори, на комитетот на министри на Советот на Европа предложив генералниот секретар на Советот на Европа, а можеби исто така и генералниот секретар на ОБСЕ да ја посетат Македонија и да зборуваат со сите партиципиенти во процесот, држејќи се притоа до принципите и вредностите на нашата организација, изјави Лавров.

Шефот на руската дипломатија, неодамна изјави дека надворешни фактори прават напори владата на Груевски да биде обвинета дека не ги исполнува обврските кон народот, но зад тоа всушност се криела желбата да се изврши притисок во врска со неговото одбивање да се приклучи кон санкциите против Русија.

На изјавите на Лавров, се огласи и министерот за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов, кој рече дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи е крајно неодговорна.

„Обидите да го стави под сомнение европскиот поредок во регионот и територијалниот интегритет на Република Македонија се неприфатливи. Стабилноста на сите земји од Југоисточна Европа е од огромно значење за нас и обидите на надворешните фактори за регионот на земјите за нејзиното поткопување преку слични сугестии треба да бидат прекинати. Бугарија ќе продолжи да биде гарант за независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и во тоа не може да има никакво сомневање“, рече Митов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.