Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германска Амбасада: Шпекулациите за промени на граничните линии се неодговорни

0
By Нова ТВ on May 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2015 18:34

Германската Амбасада во Скопје излезе со соопштение, после изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој неодамна директно го обвини Западот дека врши притисок врз премиерот Никола Груевски, но и говореше за поделба на Македонија меѓу Бугарија и Албанија.

Во соопштението на Амбасадата се вели:

-Германија и Европската Унија се убедени дека секоја држава треба самата да одлучи со своето население кој пат сака да го изоди. Овој став е цврст темел на нашата политика во однос на земјите од Западен Балкан.

Вашата земја, како и сите држави од Западниот Балкан, доброволно се одлучи за пат кон Европската Унија. Во својата неодамнешна изјава македонскиот министер за надворешни работи уште еднаш јасно ја наведе интеграцијата во ЕУ и НАТО како цел на својата држава.

Германија и нејзините партнери во ЕУ го признаваат територијалниот интегритет на Вашата земја. Границите на Западниот Балкан се конечно поставени. Шпекулациите за промени на граничните линии се неодговорни и би можеле да претставуваат почеток на нови насилни конфликти.

По насилните настани во Куманово, со олеснување ja следевме сплотеноста на граѓанките и граѓаните од сите етникуми. И понатаму ги повикуваме сите страни на присебност, за да не се оптоварат односите помеѓу етникумите.

Сојузната влада го дели неприкосновениот интерес за оддржлива стабилност, слобода, безбедност и просперитет во регионотсо граѓаните од дражавите на Западниот Балкан.

Заедно со нашите партнери се залагаме за оваа цел.

Сега, во преден план треба да биде решавање на кризата што трае веќе со месеци. За ова е неопходно темелно и транспарентно соочување со содржината на обвинувањата произлезени во рамки на објавените прислушувани телефонски разговори. Освен тоа, потребни се системски реформи за повторно да се стекне довербата во демократските институции на државата. Напорите на ЕУ за посредување ја имаат нашата потполна поддршка, се вели во соопштението на германската Амбасада во Скопје.

Претходно, со став излезе и американската Амбасада, која соопшти дека се “апсурдни обвинувањата дека САД се вмешани во заговор за дестабилизација на Македонија”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.