НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин, оди си дома!

0
By Биљана Секуловска on May 23, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Папочната врска помеѓу Груевски и Путин е последното уточиште на македонскиот премиер, кој особено почна да ја засилува конфонтирачката реторика во оној момент, кога Русија ревносно почна да се расфрла со слични опасни високи тонови кон активните граѓани, лидери на демонстрациите, со жестина предадена во наследство на својот помал и еднакво заостанат во развојот (на демократските вредности), брат.

Последното предупредување дојде од Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, континуирано гневниот на Запад, со застрашувачки недостиг на политички такт објави дека ” настаните се грубо контролирани однадвор”, се разбира, без да понуди аргументи и докази, воден од сопственото искуство дома, каде критичките новинари и активисти (низ годините грубо обвинувани и официјално етикетирани дека се странските агенти) се репресирани и гонети токму поради нивните финансиски врски со западните земји.

Во овој дух, очекувам следното излагање на Лавров да биде рецитација на една долга листа, по име и презиме на сите соросоиди и останати странски служби, кои наместо да му служат на Груевски и неговите проекти, нечовечки се борат за демократско, отворено општество.

Некој ден претходно, руското МНР со пискаво паничен глас ја соопшти истата жестока квалификација, кога соопшти дека “опозициските движења и невладините организации се инспирирани од Запад и работат во полза на уличната логика на протест, a сценариото e “обоена револуција”. А како што знаеме, Путин се згрозува од револуции кои самиот тој не ги води или контролира, еднакво стресен за можен пад на неговите клонови, демократски џуџиња, распрскани тек-тук низ светот. Сега дојде време да го спасува Груевски, во очите на својот ментор еден демократски џин, кој паднал во немилост на Американците и станатите западни патерналистички раце, но, не стравувајте! Путин ќе го избави од нивните канџи и ќе го прими клекнат врз своите стопала.

Лавров понатаму како и во претходните соопштенија од неговото министерство татни за Турскиот тек (Запад го спречува овој руски проект, кој инаку е крајно сомнителен, според некои добри познавачи, во смисол дали воопшто постои издржано решение), а вели дека “тоа е многу тажно и опасно, бидејќи се прави обид да се активира албанскиот фактор”. Да не го заборавиме оној дел од неговото излагање каде говори за, несомнено хуманиот гест на македонската влада, “да не ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија”, потег кој е од исклучително значање, знаејќи каков економски тигар е Груевски, како остварувач на фантастични резултати кои посветено се бележат на светските економски индекси.

Но, она што најмногу ја вознемири јавноста и особено западните дипломати е крајно опасната изјава на Лавров: “Сега се покренува темата дека Македонија треба да се федерализира и дури се изразила идејата за територијална поделба, да се подели земјата на Албанија и Бугарија”.

Здодевно веќе станува нели, да повторувам, дека високите тонови на Лавров не соодствуваат со реалноста, ниту со фактите: тој не објаснува каде тоа и кој тоа покренува тема за федерализација, за поделба на Македонија помеѓу соседите, кои се тие западни земји, како се поврзани со оваа, според неговата дефиниција, обоена револуција.

Лавров одлуката за бојата ни ја остава нам, но за да го изнервираме дополнително, би ја отфрлиле неговата желба за наметнување поетичност, затоа што најсоодветниот термин би бил “бомбашка револуција”, во сеќавање на прислушкуваните телефонски разговори, т.н бомби. Ве молам, нема што Лавров да дава образложенија ниту да полага некому сметки за сопствените фантазии за поделби и федерализации и слични крајно опасни будалаштини, кога пресудата ја донел лично Путин, тогаш, кога кренал со рамениците и рекол- Што да се прави, Кафка е дел од моето образование!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.