Published: Wednesday, February 25, 2026 13:13
Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед, објави на Фејсбук екс премиерот Зоран Заев.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата, напиша Заев кој бара по 500.000 денари одштета.
Надоместокот од добиените тужби, посочи тужителот, ќе оди за децата без родители и а лицата со посебни потреби.




