Зоран Иванов
По правило застанувам зад секој протест зашто протестите се од мака.
Мака поради затајување на државата платена луѓето да немаат мака за нешто за што е надлежна таа.
И овие протестиве против чадот од скопската цементарни, исто така.
Ги подржувам посебно зашто ги организираат деца, младинци.
Зашто се бунтуваат за иднина, за здрв воздух, за здрав живот.
Го бараат тоа за себе и за своите потомства.
А државата ги изневерува.
И сега исто како што тоа го прави три децении наназад па и нешто малку и пред тие години кога почна да дозволува урбани криминали.
Кога почна да ја легализира политичко урбаната мафија која се уште е во незапирлива, во коруптивно профитно еуфорична експанзија.
Која без око да и трепне, деноноќно криминално крои и прекројува урбанистички планови кои тревата и дрвјата ги заменува со куќу и со згради и кои нивите ги покрива со цигли, а дрвјата со бетон.
И која уништува километри квадратни зеленило
И која го руинирааше дури и еко просторот на индустриските објекти, сега урбани загадувачи.
Која узурпира и раскопа цели зелени појаси наменски планирани за филтирање на воздухот од фабриките кои сега загадуваат балкони и тераси, кои загадуваат соби дневни и соби ноќни.
Политичко урбана мафија која задушува домови, загдува цели куќи и цели згради.
Политичко урбана мафија која ги окоупира и ги бетонизира атарите и на цементарницата и на железарницата и на охис и на …,
Значи, “да” за протести против фабриките загадувачи.
Но “да” и за протести за осуда на државните и општинските урбани мафии кои цели квадратни километри наменски креирани природни еко филтри, преретворија во коруптивни станбени блокиви.
И која куќи и згради насади и во фабрички еко атари.
Да и за протести против политучките урбани мафии кои и натаму незапирливо узурпираат еко простори.
Да за бунт против дивеењето на политичките и урбаните мафии кои родителите и нивните недолжни деца ги втурнаа да растат во амбиент во кој дишат отрови од фабричките канцер оџаци.




