Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на дебатата пред влада:По 17-ти ја задолживме ЕУ уште повеќе да се ангажира

0
By Нова ТВ on May 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 25, 2015 20:26

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска имаше излагање на дебатата „Каква Македонија сакаме?“ и одговараше на прашања од граѓаните, рече дека ЕУ ги препознава анти-владините протести на 17.мај Македонија.

– Сите можни различности беа присутни, граѓанските аспекти, интелектуалните аспекти беа силна порака. Сите политичките определби, и Роми и ЛГБТ беа овде. За тоа сите имаме право да се гордееме. Тоа во преговорите со еврокомесарот Јоханес Хан и со европарламентарците беше добро оценето, а ЕУ ја задолживме уште повеќе да се втурне во менаџирање помош за излез од кризата. Од 17.мај почна ново трасирање на иднината на нашата земја. Сега е моментот да ги тргнеме сите наши предрасуди на страна и да изградиме вистинска иднина за сите граѓани. Прво ние политичарите сакаме да покажеме дека го менуваме менталниот склоп на однесување и дека ја чувствуваме одговорноста – рече Заев.

Тој рече дека наредната власт ќе опстои само доколку остане транспарента.

– Буџетските средства мора да бидат транспарентни. На неделно ниво ние ќе ги обелоденуваме буџетските расходи. Граѓаните мора да бидат коректив со директен увид за тоа како се трошат народните пари. Премиерот и министерот на финансии ќе мора да носат буџет на јавна дебата, па ќе мора да кажат оти споменикот е поважен од канализација во едно село. Судија мора да одговара за својата одлука. Се залагаме за преодна влада со која не може и понатаму да има поклопеност на државата со партијата. Со самата преодна влада исчекорот е направен, таа ќе ги тргне валканите раце на политичарите од комплетната власт, со неа ќе имаме ветер во грб, преодната влада не е само голо барање на опозицијата. Незвисноста на медиумите ќе мора практично да ја покажеме, мораме МТВ да го изградиме целосно независен. За тоа има прекрасни модели, ете, на пример, хрватскиот, кој е лесно применлив кај нас. Имаме цела лепеза модели, притоа не смее да се водат кампањи на владата преку пропагандни машинерии, може преку соопштение власта да ги соопшти своите пораки до граѓаните. Во МТВ ќе ги забраниме сите реклами и ќе ги насочиме кон приватните медиуми, кои зависно од својот капацитет, ќе зграпчат дел од тој колач. Ако имаме независни медиуми, голем дел од транспарентна иднина на Македонина сме ја завршиле. Има политичарот да игра пред новинарот, а не новинарот да се плаши од политичарот, потенцираше Заев.

Наталија Поповска од Транспарентност Македонија рече дека досегашниот начин на владеење развил системската корупција и како резултат на тоа имаме сиромаштија, беда, очај, страв.

– Милионски суми се трошат на владини кампањи и промоции, а не стивнува ниту градење на споменици, нови фасади. Ние баравме да запрат непродуктивните трошења и тие пари да одат за задоволување на насушните потреби на граѓани. Ние ќе продолжиме да прашуваме и по завршувањето на кризата, за трошењето на јавните пари, рече таа.

Уредникот на Алсат-М, Мухарем Зекири, рече дека е дојдено време да се стави крај на оваа владеење.

– Ние од идната влада очекуваме да престане да го прави она што старата го правеше, мора да престанат заканите кон неистомислениците. Приоритетно е да ги тргне рацете од јавниот сервис, кој мора да биде сервис на граѓаните. Второто, треба да престанат да се купуваат приватните медиуми со народните пари. Трето, во Агенцијата за медиуми не смее да има место за партиски луѓе. Законите за медиумите мора да претрпат измени. Критичните новинари на оваа власт ќе бидат покритични кон секоја друга власт – порача Зекири.

На дебатата „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“, која во 18 часот почна во кампот на слободата пред Владата, учествуваа и Дона Костуранова од Националниот младински совет на Македонија, Ирена Стефоска, Vox Academica, Никола Писарев од Центарот за современи уметности, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Славчо Димитров, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” и Владимир ЛАЗАРЕВИК, Хелтгрупер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.