Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шампиони во изразување сочувство

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2026 21:20

Се редат примерите во кои матрицата е иста. Цел град или соседство знае за пеколот што го преживува жртвата, а притоа не добива заштита. Ни од полицијата, ни од центрите за социјални работи. Страшна е рамнодушноста и убедувањето на јавноста дека и по уште една трагедија нема ништо да смени.

 Фросина Факова Серафиновиќ

Министерот Тошковски допрва ќе праќа телеграми до полициските станици со наредба да се повикуваат на разговор сите мажи што ги тепаат жените. Откако уште еднаш изрази „најдлабоко сочувство“.

Почнува секогаш исто. Со изрази на најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на трагично загинатите.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја имаше непријатната обврска да се појавува на прес-конференциите по трагедии што ја потресоа јавноста. Така беше и за трагедијата во Кочани, сега и за смртта на мајката и на шестгодишната ќерка.

Тошковски сега допрва ќе праќа телеграми до полициските станици со наредба да се повикуваат на разговор сите мажи што ги тепаат жените. Откако уште еднаш изрази „најдлабоко сочувство“.

И не само Тошковски, на социјалните мрежи се вреска со трогателни пораки, со копање детали од животот на жртвите, на насилникот, со колнење на системот и на неработниците во државниот апарат што земаат плата од нашите даноци. Невладините организации излегуваат на протест, некоја од жртвите ќе каже збор-два и сè се заборава по неколку денови. Додека не се случи некоја нова трагедија, затоа што во меѓувреме ништо не се променило.

За волја на вистината, се промени Кривичниот законик и полицијата сега може да гони насилници по службена должност, без пријава на жртвата. Но, на мајката Ивана и на нејзината ќерка Катја не им помогнаа ниту овие законски измени, и покрај тоа што малтретираната сопруга го пријавила семејното насилство. Камери регистрирале дека е тепана од сопругот, но таа на полицајците им изјавила дека „немало никаков физички контакт“.

Ниту полицајците не го гонеле по службена должност, зашто „не констатирале никаква видлива телесна повреда“. И стопати да се сменат законите, повторно ќе се има нејаснотија за институциите да бидат „ненадлежни“ и кога постои закана за убиство. Затоа што, ете, „нема видлива телесна повреда“!

Во практика се покажува дека системот е совршен само за да бидат заштитени – институциите! Зашто сите постапиле „во согласност со законите“. Дури и ако се открие дека не постапиле, казната е – дисциплинска постапка! Како во случајот со младата велешанка Росица, која барала заштита и лично му пишувала пораки и на Тошковски.

Се редат примерите во кои матрицата е иста. Цел град или соседство знае за пеколот што го преживува жртвата, а притоа не добива заштита. Ни од полицијата, ни од центрите за социјални работи. Страшна е рамнодушноста и убедувањето на јавноста дека и по уште една трагедија нема ништо да смени.

Тоа чувство доаѓа од инертноста на полицијата, или социјалните работници, инспекторатите, образовните установи… Наместо заштита од оние што се платени за да ни ја обезбедат, добиваме незаинтересиран чиновнички поглед, запазување на ригорозна процедура, дури и закана за парични казни за тие што алармираат за насилство.

Наместо човечка емпатија и волја да се помогне и да се реши некој проблем, всушност се соочуваме со човечката бездушност во институционалните лавиринти. Жртвата во еден таков круг останува сама и немоќна во секојдневната борба да се спаси глава, или децата, или покривот над главата.

Општеството што јавно прокламира високи цивилизациски вредности, не се труди да искорени длабоко заостанати сфаќања. Глуми вредности што не постојат во реалниот живот. Ги сака молчеливите домаќинки што им се покоруваат на мажите и им го посветуваат животот.
Секоја власт е свесна и е дел од овој деструктивен код. На министрите ништо не им значи некоја Росица, некоја Танкица, некоја Марија или Ивана, затоа што тие „не можат да ги знаат сите случаи“. Тоа не значи дека не треба да градат систем што ќе ги препознае навреме за да се спречи најлошото.

Ако Тошковски можеби не знае за сите случаи, тоа треба да го знаат неговите подредени на терен. Да препознаат каде е потребна помош и каде треба да се засукаат ракавите.
Иако сите министри се повикуваа на „тешкото и бавно исправање на грешките на претходниците“, се редат пропустите и на оваа гарнитура на чело на полицијата.

Во дискотеката на смртта во Кочани, секојдневно се замижувало при контролите кај газда Деко, а имало дрога, малолетници, непочитување безбедносни стандарди итн. Пред очите на МВР сериски убиец силувал и убивал во Кумановско. За жена која пријавувала дека ѝ се заканувал убиец и била најдена мртва и полугола, не е викнат јавен обвинител на увид.

Системот што Тошковски го нарекуваше „гнил“ сè уште е гнил. И со него на чело на МВР!

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

колумна фросина факовиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.