НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот на ЕК на 16 април – Резолуцијата на ЕП на 8 април

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познати се датумите кога Европската комисија ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија, од којшто зависи дали на јунскиот Самит на Европскиот совет ќе добиеме датум за почеток на пристапните преговори, но и кога Европскиот парламент ќе гласа за Резолуцијата за нашата земја.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еден ден по вториот круг на локалните избори во Македонија, односно на 8-ми април, Европарламентот ќе гласа за Резолуцијата, со која всушност се дава мислење на законодавниот дом за октомврискиот извештај на Комисијата, кој како што е познато беше најпозитивен.

Што е поважно за нас, Специјалниот пролетен извештај на ЕК, кој ќе биде сконцентриран на резултатите од заклучоците на последниот Самит на Советот за Македонија, односно добрососедството со Бугарија, развивањето на преговорите за наметнатиот спор за името со Грција и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), ќе биде готов и објавен на 16-ти април.

Него, според воспоставената пракса на Комисијата, го разработуваат сите одделенија во неформалната Влада на ЕУ, а дента ќе го објави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Според извори во ЕК, доколку се биде во ред со одвивањето на локалните избори и тие минат мирно и демократски, со сигурност може да се очекува и овој вонреден извештај на Комисијата да биде позитивен, а со тоа на Европскито совет да не му остане ништо друго освен во јуни да определи датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

Според најавите, во јуни може да се очекува да биде дадено зелено светло за почеток на т.н. скрининг-процес (усогласување на европското со домашното право и закони), а до крајот на оваа година и формално да почнат пристапните преговори, при што како тајминг се споменуваат септември и декември месец.

Што се однесува до гласањето за Резолуцијата за Македонија од страна на Европскиот парламент, по одложувањето тоа да се случи на 4 март, поради политичката криза, што во меѓувреме беше разрешена, известувачот Ричард Ховит побара и тоа е речиси сигурно дека ќе биде одобрено, на 8-ми април, што е еден ден по завршувањето на вториот круг од локалните избори во Македонија, законодавниот дом на ЕУ да го даде финалното мислење.

Во оваа Резолуција, според најавите, голем дел од амандманите би биле споени во помалку со цел полесно да бидат усвоени, а политичките случувања се очекува да завземат место во еден параграф, со тоа што на крајот би било забележано дека кризата е надмината.

Инаку, комесарот Филе и длеегација на Директоратот за проширување, неделата меѓу 25 и 1 март (по првиот круг на локалните избори) би требало да пристигнат во Скопје во рамки на Четвртата рунда од ХЛАД-от.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.