Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во борба еден на еден САД се посилни од речиси секоја земја – сепак малтретирањето создава заеднички интерес меѓу жртвите

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2026 12:54

Советскиот Сојуз се распадна не затоа што немаше нуклеарно оружје или голема армија, туку затоа што неговиот внатрешен економски мотор повеќе не можеше да го поддржи неговото надворешно малтретирање и трошоците за одржување на неговите сателитски држави.

Ердем Ахмет

САД со интервенцијата на Венецуела,на Иран и евентуално на Куба сака на сила да инсталира влади во тие земји кои би биле во неговата сфера на интерес. Промената на режими не е нешто ново во учебникот на САД но она што е ново е методот. САД сега исклучиво користи воена сила и санкции а пред тоа користеше и мека сила која со уништувањето на УСАИД скоро да не постои. По овие методи САД не се разликува многу од СССР за време на студената војна.

Советскиот Сојуз се распадна не затоа што немаше нуклеарно оружје или голема армија, туку затоа што неговиот внатрешен економски мотор повеќе не можеше да го поддржи неговото надворешно малтретирање и трошоците за одржување на неговите сателитски држави. Клучна за распадот на СССР беше војната во Авганистан која по човековите и материјалните губитоци ја направи окупацијата неисплатлива. Времето ќе покаже која војна ќе ги исфрли САД од престолот на светски хегемон. Можеби тоа е Иран која се обидува да ја направи војната прескапа за САД.

Во борба еден на еден, САД се посилни од речиси секоја земја. Сепак, малтретирањето создава заеднички интерес меѓу жртвите.

Кога САД користат примарни и секундарни санкции (принудувајќи ги другите земји да ги следат нивните правила), тие ги туркаат традиционалните сојузници како ЕУ или земјите од Персискиот Залив во прегратките на ривалите како што се Кина и Русија.

Со заканување на ОАЕ или Саудиска Арабија поради нивните врски со Кина, САД не ја добија нивната лојалност туку едноставно ги принудија да изградат тајни канали за плаќање без долар за да го обезбедат сопствениот опстанок.

СССР владееше преку страв и воена сила во Источна Европа, но никогаш не ги освои срцата и умовите на луѓето.

Кога луѓето престануваат да ги сакаат американски работи (филмови, технологија, храна ) САД ја губат својата „најневидлива“ и најмоќна алатка а тоа е културната хегемонија.

Многу е поевтино да се води свет што сака да ве следи отколку да се контролира свет што е принуден да ве следи. САД го заменија слободното со принудно лидерство кое е доста скапо.

Исто како и СССР во доцната фаза, САД се соочуваат со огромна дисконекција помеѓу своите глобални амбиции и својата домашна реалност.

САД трошат трилиони за одбрана (војна) и камати за сопствениот долг, додека нивното внатрешно општествено ткиво и инфраструктура се под огромен притисок на недостаток на пари.

Ако светот престане да купува американски обврзници затоа што повеќе не му верува на САД американската влада на крајот нема да може да ја финансира сопствената војска. Ова е фискалниот проблем за која многумина веруваат дека ќе биде крајната проверка на моќта на САД.

СССР и Варшавскиот договор пропадна затоа што светот беше поделен на два табора и имаше подобра алтернатива . Денешниот свет е мултиполарен.

Земјите во Југоисточна Азија, Африка и Јужна Америка повеќе не ја избираат едната или другата страна туку тие градат свои регионални трговски блокови кои играат со сите страни.

Во 1980-тите, немаше алтернатива на западниот финансиски систем. Во 2026 година, со mBridge (дигитален мост за централните банки да тргуваат директно), излезната врата од доларот е веќе изградена но се уште нема вистинска замена за доларот. Сепак земјите се повеќе вложуваат во злато, тргуваат во домашни валути и внимаваат премногу да не зависат од доларот чии средства може многу лесно да се замрзнат со санкции од страна на САД .

Дејствувајќи како трансакциска сила, а не како принципиелна, САД му кажаа на светот дека немаат пријатели туку само интереси. Одговорот на светот иако не јавно беше дека и тие имаат интереси . Резултатот го гледаме сега кога сојузниците му велат “Не” на Трамп за вклучувањето во конфликтот со Иран и во деблокирањето на Ормутскиот теснец.

Целата состојба најдобро е илустрирана во нашата народна мудрост: Со сила убавина не бива.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

ердем ахмет колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.