НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ја отфрли кривичната против Велјановски

0
By Нова ТВ on March 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Пред неколку дена бевме информирани дека кривичната пријава која ја поднесовме сите пратеници од опозицијата против претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, заради настаните од срамниот и црн понеделник од 24 декември минатата година, се отфрлува од страна на Обвинителството.

– На обвинителството му беа потребни помалку од три месеци за да брзо побрзо го ослободи Трајко Велјановски од одговорност за се она што под негова палка се случуваше во македонското Собрание“, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Таа потсети дека кривичната пријава, која беше поднесена на крајот на јануари, е потпишана од сите пратеници од опозицијата.

„Сето она што можеше да го види македонската и меѓународната јавност не беше доволно, за да оОбвинителството покрене постапка за грубото кршење на законите и Уставот и злоупотребата на службена должност од страна на Велјановски“, рече Шеќеринска.

„Со ова, Обвинителството уште еднаш покажа дека во Македонија институциите систематски се рушат и се ставаат во функција на партиски цели. Сега можеби ни е појасен фактот дека Јавниот обвинител одлучи своето прво појавување во јавноста да го направи во друштво на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и со омилениот коалициски партнер на Груевски, Амди Бајрам.

– Претпоставувам дека учеството на ромскиот бал го спречи јавниот обвинител да погледне што се се случуваше во македонсото Собрание пред и на 24 декември и го спречи во вршењето на својата функција.

– Власта се менува, тркалото се врти и во една ситуација во Република Македонија сите овие функционери, сите овие носители на врвни државни фунцкии, кои решија да го газат и Уставот и законите и да вршат партиски задачи, ќе мора да одговараат пред законот“, децидна беше Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.