Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Така важен и моќен

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2026 23:41

Не помислил ли Савески дека обвинителката Ленче Ристоска можеше одамна да го избере истиот најлесен пат, овој на Савески – да слуша и да не прашува, да гледа а да биде слепец, за да го влечка и развлечкува партискиот бог, кому ќе му дава отчет за сѐ што посакал, а тој остварил.

Биљана Секуловска

Шефот на Јавното обвинителство, Ненад Савески, во рекордно време покажа како треба сите да се однесуваме, ако сакаме мирно и спокојно да ги поминеме деновите под палката на Мицкоски.

Велите премиерот е проблем? Не, секако дека не лежи во него тајната на покорното и поданичко однесување на сите останати власти, како и на граѓаните, на кои треба да им служи, да биде во нивна служба и интерес. Но, проблемот е што во случајов, камшикот не е во рацете на Мицкоски, туку кај оние останатите, како нашиов државен обвинител Савески. Самиот себе се измачува со тој камшик кој си го скроил, додавајќи си уште поубави и поголеми задолженија, од оние што веќе јавно му ги сервираше премиерот. Еден ден Савески ќе го замотка камшикот по грешка на сопствениот врат, по урнекот на многу политички самоубиства низ светската историја.

Тој е сега воодушевен, толку многу важен сам од себе, што заборава како завршуваат сите приказни како неговата. Тажно, секако дека тажни се тие краеви, кои влечкаат и удираат црни печати во историјата на државата.

Не помислил ли Савески дека обвинителката Ленче Ристоска можеше одамна да го избере истиот најлесен пат, овој на Савески – да слуша и да не прашува, да гледа а да биде слепец, за да го влечка и развлечкува партискиот бог, кому ќе му дава отчет за сѐ што посакал, а тој остварил. Тоа е тој најлесен, најбезбеден пат, кој клиентите на власта го следат, се движат по траекторијата на партиската стрелка, макар ги втурнала во провалија.

Ленче Ристоска е една од ретките луѓе во оваа држава што не молчи, што се бори, што знае дека тоа е единствен начин да се дојде до слобода, нема друг. Савески е на спротивната страна, зад себе има армија луѓе кои го следат, колеги, партии, медиуми, секакви ги има. Тие сега го поддржуваат пресреќни, презадоволни што воопшто им дал некој шанса да бидат дел од таа војска која се движи со заврзани очи насекаде, кај што неправдата царува.

Но, историјата покажува дека луѓето како Ленче Ристоска на крај се оние кои победуваат. Парадоксално,  затоа што тоа во Македонија е една многу мала, слободоумна група на интелектуалци, професори, новинари. Како би победиле тие неколкумина, се прашува сега со потсмев нашиов Савески, кога одеднаш, преку ноќ станал така силен и моќен, подготвен да урне сѐ што и малку се подизградило во државава. Ех, како, така како што отсекогаш било и секогаш ќе биде. Среќни се тие краеви, оние, како на Ленче Ристоска.

Текстот е сопственост на 25 минути.мк

Биљана Секуловска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.