Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој се плаши од уставните измени?

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2026 19:47
Со пара-историско и пара-политичко соопштение, кое дури како некој историски есеј (барем во воведниот дел) со помпезен наслов “Тероризмот е во крвта на ВМРО” ги има сите параметри на класичен памфлет, од конструирана и подобна историја.
Никица Корубин
Симболиката во политиката е еднакво важна како и симболиката во уметноста. Ја кажува пораката, посилно и од самото дејство или содржина. Затоа што политиката во суштина треба да биде исклучително креативна, на ниво на визија, а не на ниво на итрина. Тоа што политиката кај нас, систематски се презентира и практикува како “лаконска приземност” е прашање на контрола на моќта, а не објаснување на суштината.
Оттаму, симболиката на покренување на иницијативата за собирање на потребниот број на потписи на пратеници за поднесување на уставните измени, од страна на ДУИ, токму на 27 април (со задоцнување од најмалку 2 години); всушност, можеме да го гледаме како чин на предизвик кон партиите, законодавниот систем и јавноста, кои спротивно на сопствените одлуки, интересот на државата, и интересот и вољата на граѓаните, одбиваат (и го пропагираат одбивањето) да ја спроведат сопствената обврска и обврската на државата, цели 4 години.
И за разлика од сите кои на вчерашниот ден гледаа назад во ре-креирање на минатото – само овој потег всушност гледаше напред, кон креирање на единствената одржлива сегашност и иднина. И како и секогаш, нијансите во реакцијата на “повиканите” повеќе говори од самото (не)делување, откривајќи ја (не)свесно самата причина за истото.
Па, така после “традиционалното” медиумско игнорирање и првично потиснување на “веста на денот”; следеше – молк. Со мала “врева” од страна на политичкиот “антиподот” ВЛЕН, во прилично потсвесесен манир за “пародија и само-саботажа”.
Но, дали всушност вистинскиот одговор (во “името” на речиси сите) на таа иницијатива го даде, повторно преземајќи ја улогата на “квази про-ЕУ”, после толку вложен напор за “про-ЕУ” реторика, политичкиот антипод на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ? Со пара-историско и пара-политичко соопштение, кое дури како некој историски есеј (барем во воведниот дел) со помпезен наслов “Тероризмот е во крвта на ВМРО” ги има сите параметри на класичен памфлет, од конструирана и подобна историја.
Со чудни паралели и уште почудни аналогии и преференции (“Историјата на ВМРО е полна со антидржавни и антимакедонски злодела”; “со Марсејскиот атентат во 1934 година и убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ, директно го дестабилизираа регионот за туѓи интереси”; “истиот оној терористички менталитет којшто пред дваесет и две години стоеше зад атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров”). И за историските настани, а преку нивна проекција спакувана во партиско соопштение, и за сегашноста.
И дали овој “гласен” супститут за отсуството на став за иницијативата за уставните измени, која патем речено во последниот извештај на ЕУ е јасно нотирана како “незавршена обврска на собранието”; го отсликува ставот или стравот? Каде што соопштението на оваа политичка партија, за жал, се јавува само како своевиден медиум или гласник, на идеја која одамна во името и со чувствата на (југо)носталгијата се реферира на суштината на проблемот. И со “официјалната историја” и со “официјалната сегашност”.
Од која на вчерашната тема за иницијативата за уставните измени, целосно отсуствуваше “официјалната причина” – заштита на идентитетот. Наместо тоа, граѓаните како јавност, добија лекција од “јавноста” – за пародија и само-саботажа. Па, има ли поголема историска пародија од оваа која ниʼ се случува, каде преку “албанско анти-албанство” и “македонско анти-македонство”, се “бранат или се борат” за македонските интереси?
Уште да ни’ посочат точно и прецизно, каде тие точно се наоѓаат: во кралството, во федерацијата или во нашата единствена независна држава која било когаш сме ја имале – Северна Македонија денес? Па, да го дешифрираме конечно идентитетот и особено причината за “борбата за ЕУ”. Или против ЕУ беше? Вистина е оваа наша реалност или фантазмагорија?
Од Фејсбук ѕидот на авторката
колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.