Со оваа влада или со нејзини козметички измени не веруваме дека може да се организраат фер избори. Потребно е да се вклучи и граѓанското општество во процесот, вели во интервју за НОВА, професорот и аналитичар Флоријан Бибер.
Во анализата „Расплетот за Македонската криза: Кон решение или затишје пред бура“, составена од Советодавната група за интеграција на Балканот во Европа, во авторство на 12 политички аналитичари, експертите нудат можни решенија на кризата во Македонија, препораки за решавање на истата и што може да се очекува по разговорите од 2.мај.