Директорот на вардар, миленко неделковски се „фалеше“ на фејсбук со срамната вардарова прослава по освојувањето на титулата!
Големиот спортски успех на ФК Вардар, кој по цели шест години конечно се врати на врвот на македонскиот фудбал и ја освои шампионската титула, треба да се прослави, треба да биде повод за радост и голема прослава но тоа што синоќа го видовме фрли дамка, видовме нешто кое не смее да биде нормално – уште помалку не, затоа што доаѓа од најтрофејниот тим
Наместо фокусот на јавноста да биде насочен кон големиот успех на теренот, клупското славје се претвори во сериозен скандал кој брзо се прошири на социјалните мрежи. За време на еуфоријата, „вардарци“ решија победата да ја слават со преработени стихови од ,,Дирлада” упатувајќи експлицитни, вулгарни и мизогини навреди директно кон македонската поп-ѕвезда и градот Битола.
Она што е дополнително загрижувачки и што предизвика лавина од жестоки осуди е однесувањето на првиот човек на клубот, директорот Миленко Неделковски. Наместо како функционер да претставува слика и прилика за професионализам и цивилизациски вредности, тој не само што ја предводеше оваа невкусна прослава, туку и јавно се пофали со неа, споделувајќи го видеото на своите профили.
Згора на тоа, во денешното извинување кон Каролина Гочева, одново нападна друга дама, пратеничката Весна Бендевска, само продолжувајќи со трендот на недолично однесување и дефокусирање на јавноста. Наместо да покаже искрено каење и да понесе одговорност за претходниот скандал, директорот на Вардар го искористи моментот за нов политички и личен напад врз жена, со што само потврди дека првичното „извинување“ е формално и неискрено. Ваквиот потег покажува целосно отсуство на самокритика и дополнително ја загрижува јавноста, докажувајќи дека навредите и ниското ниво на комуникација не биле само момент на спортска еуфорија, туку континуиран начин на однесување кој продолжува да му штети на угледот на клубот.
Јавноста со право реагира бидејќи спортскиот фер-плеј наметнува достоинство во победата. Вклучувањето на јавна личност, која нема никаква врска со фудбалскиот ривалитет, во контекст на вулгарни навреди е чин кој не му личи на ниту еден клуб, а најмалку на бренд како Вардар. Со ова, раководството му нанесе сериозен ПР-удар на тимот, па наместо за шампионскиот сјај и европските амбиции, денес сите зборуваат за недостигот на основна култура во македонскиот спорт.
Личните комплекси на еден лик, со сомнително минато се негов белег, за кој и јавноста и навивачите имаат повеќе пати преку транспаренти кажано и покажано што мислат.
ФК ВАРДАР е многу повеќе од сомнителен лик, многу повеќе од скапо платени пури и не смее да се дозволи таков лик да го валка тоа име
Кога веќе не прозиваш еве да ти одговориме:
Да, Шпагетите беа студени, прашај си ги играчите дека беше така, точно е и се друго што во меѓувреме беше напишано, а ќе дојде ден ќе излезат и други работи.
НЕ СЕ СТАНУВА ПОГОЛЕМ МАЖ АКО НАПАЃАШ ЖЕНА, УШТЕ ПОМАЛКУ ГРАДСКИ ЛИК АКО НАПАЃАШ ДРУГИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА!!
ШТЕТА ШТО ПАРИТЕ НЕ КУПУВААТ КУЛТУРА – ВАРДАР ЗАСЛУЖУВА ПОИНАКВА СТРУКТУРА!!
Текстот е сопственост на Макспорт.мк




