Цивил ја праша Агенциојата а разузнување за наводите за присуство на нивни високи припадници при првичните интервенции во Кабинетот, за оперативните сознанија за потенцијална вклученост на руската разузнавачка служба (СВР) и за координацијата со НАТО сојузниците за проценка на штетата.
Во одговорот на АР до Цивил стои:
Агенција за разузнавање отфрла каква и да било инволвираност на свои припадници во веста што првично беше објавена на 19.05.2026 г., во некои медиуми и социјални мрежи за евентуално компромитирање класифицирани информаци и НАТО комуникации.
Во своето работење, Агенцијата, доследно ги применува сите законски стандарди и протоколи за соодветно ракување и заштита на националните и НАТО класифицираните информации.
Извор: ЦивилМедиа.мк




