Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се залагаме за паралелна постепена ЕУ интеграција

0
By Zoran Ivanov on May 25, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 25, 2026 10:27

Предлогот е добар и треба да го поддржиме доколку покрај реторички, доследно моделот на постепена интеграција што би ѝ се понудил на Украина важи и за другите држави кандидатки од Западниот Балкан и доколку води кон полноправно членство. Само со рамноправен третман би се превенирале сериозни домашни политички ризици.

Тони Поповски

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи нов модел на постепено проширување на Европската Унија заснован врз концептот на „асоцијативно членство“ за Украина, но и забрзана интеграција за Западен Балкан и Молдавија.

Во писмо испратено до врвот на ЕУ, Мерц нагласува дека проширувањето е геополитичка неопходност, но дека сегашниот пристапен процес е премногу бавен, особено во услови на војна.

Неговиот предлог предвидува Украина да учествува во институциите на ЕУ без право на глас, постепено да го усвојува европското законодавство, да добива фазен пристап до европските политики и единствениот пазар, како и посилни политички и безбедносни гаранции уште пред полноправното членство.

Истовремено, Мерц предлага слични механизми на постепена интеграција и за земјите од Западен Балкан и Молдавија, преку поблиско институционално учество, постепена економска интеграција и секторско вклучување во структурите на ЕУ.

Суштината на иницијативата е постепено да се замени сегашниот ригиден модел на проширување со фазен пристап што ќе ги наградува реформите чекор по чекор, додека полноправното членство останува крајната цел.

Како да се поставиме како држава (надпартиски) на овој предлог на германскиот Канцелар?

Предлогот е добар и треба да го поддржиме доколку покрај реторички, доследно моделот на постепена интеграција што би ѝ се понудил на Украина важи и за другите држави кандидатки од Западниот Балкан и доколку води кон полноправно членство. Само со рамноправен третман би се превенирале сериозни домашни политички ризици. Доколку Украина добие институционален напредок, а балканските кандидати останат блокирани, тоа би можело дополнително да поттикне евроскептицизам, да предизвика националистички реакции и драматично да ја зголеми постоечката перцепција за двојни стандарди во ЕУ.

Треба да се залагаме за паралелна постепена интеграција на Западен Балкан преку учество како набљудувач во институциите на ЕУ, постепен пристап до единствениот пазар, вклучување во европските агенции и фондови, како и побрза инфраструктурна и енергетска интеграција доколку ова асоцијативно учество и транзициска интеграција води до полноправно членство. Ваквиот модел би создал поголема предвидливост, би ја намалил блокадата на проширувањето и би ги наградувал реформите постепено, при што би се зачувале принципите на условеност и владеење на правото.

Оттаму, препорачана дипломатска позиција е јавно да ја поддржиме европската солидарност и Украина, но истовремено да нагласиме дека сите нови модели на интеграција треба да ја забрзаат и европската перспектива на Западен Балкан. Ваквиот избалансиран пристап би нѝ овозможил да ги поддржиме Германија и Украина без да ги жртвуваме сопствените интереси или поради страв од неизвесна иднина на полноправно членство да останеме пасивни и воздржани.

Доколку се управува внимателно, предлогот на Мерц создава реална можност за оживување на проширувањето и постепено интегрирање на Македонија со конкретни краткорочни придобивки.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна тони поповдки ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.