На Македонија, како земја со нешто над 1.500.000 жители, не и требаат 6 универзитети. Таквиот систем на ирганизација ќе продолжи да произведува лошо образовани студенти и неквалитете наставен кадар.
Тито Петковски
Претставниците на власта постојано ја повторуваат реченицата “Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции ….”.
Откако денес прочитав дека УКИМ не се наоѓа ниту на 2000то место на Шангајсаката листа на универзитети, почувствував потреба да го повторам мојот предлог од 2006 година,поверзан со високото образование.
За да не останеме заковани на дното, неопходно е да се направат радикални промени во високото овразование, особено што во постапка е нов закон. Според мене, новиот закон за високо ибразование е дизајниран за заглупување на младите генерации,за да би можело полесно да се манипулира со нив.
На Македонија, како земја со нешто над 1.500.000 жители, не и требаат 6 универзитети. Таквиот систем на ирганизација ќе продолжи да произведува лошо образовани студенти и неквалитете наставен кадар. Ова е само продолжение на катастрофата што ја направи ВМРО на чело со Груевски во 2007 година,со отварање универзитети во секој град во државата.
Доколку сакаме радикални реформи, на Македонија и треба еден Униврзитет со ригорозна селекција на наставен кадар, вклучително и редовни или визитинг професори од познати универзитети во светот. Само така ќе се затвори пазарот за купување дипломи за завршено високо образование. Тој сега, за големи пари нуди лош производ.
Од Фејсбук ѕидот на авторот




