Дуња Иванова: Многу често ме прашуваат како успевам и како од 24 часа правам 48. …
… Затоа, на крајот од оваа школска година, како некој кој секојдневно живее со децата и мојот повик на учител, ако треба да имам порака за нив, таа е да бидат похрабри.
Да не се плашат да работат, да сонуваат големо, да кажат што мислат и да застанат зад она во кое веруваат.
Трудот секогаш остава трага, добрата мисла секогаш има тежина, а позитивната енергија секогаш наоѓа пат назад.
Некој тоа го нарекува карма, некој животна правда, некој енергија на Универзумот.
Важно е дека доброто што го вложуваш ретко се губи и најчесто се враќа кога најмалку очекуваш, и како штит кога ти е најпотребен, и како награда кога најмалку ја бараш.
На крајот, човекот не се мери по тоа колку удобно поминал низ животот, туку по тоа зад што застанал кога било најлесно да се премолчи.
Бидејќи времето, секогаш ги раздвојува оние што само биле присутни од оние што навистина оставиле трага.
Извор: Фејсбук



