Published: Monday, June 15, 2026 10:15
Мантрата „Калимеро нема правда” е губитничка позиција во Свет во кој што владее интересот, а не правдата. Правдата може да се реализира само преку имплементирање на ЕУ стандарди во системите на земјите апликанти. И пред се со интегрирање во ЕУ.
Горан Волканоски
Во претходниот период,во повеќе наврати ,од поединци слушам,читам за наводната неправедност на меѓународната политика по однос на Македонија.
Неверојатно е колку оваа тема се злоупотребува во цели кои најмалку се праведни, најмалку допринесуваат за остварување на било каква правда.
Реалноста покажува дека оваа тема освен за манипулација со јавноста не служи за ништо друго.
Македонија е меѓународно призната држава со меѓународно признат јазик и идентитетска засебност.
Зарем овој стекнат статус не е најголем чин на признание и „правда”?!
ЕУ е заедница (конфедерација) на земји кои се обединиле поради взаемен интерес (пред се економски).ЕУ не е заедница која е формирана да решава правни прашања (да исправа „криви Дрини”).
Меѓудржавните спорови ги решаваат со компромиси . При тоа, треба да се има во вид дека ЕУ е создадена да ги штити интересите на земјите членки.
И дека ние сме тие кои сме аплицирале за членство во ЕУ поради наш интерес да станеме дел од клубот кој носи низа бенефити за членките. Пред се економски прогрес, просперитет и достоинствен живот на граѓаните.
И претходно сум истакнувал дека мантрата, „Калимеро нема правда” е губитничка позиција во Свет во кој што владее интересот, а не правдата.
Правдата може да се реализира само преку имплементирање на ЕУ стандарди во системите на земјите апликанти.
И пред се со интегрирање во ЕУ.
Станувајќи дел од „елитното”друштво помеѓу останатото добиваме и пристап до повеќе правда.
Само така имаме шанса да ги реализираме националните интереси и да исправиме некој историски неправди.
Никако поинаку …
Од Фејсбук ѕидот на авторот




