Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не, господине премиер!

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2026 18:37

Ана С Глас: Господине премиер, денес кажавте дека, и покрај сите проблеми, Владата се бори за Европа и дека за сè се виновни „квислинзите“ и наследството од претходната власт. Но, како една личност која одамна ја напушти Македонија, чувствувам обврска да ви кажам нешто.

Не, господине премиер. Луѓето не си заминаа поради „квислинзи“, ниту поради Европа. Тоа можеби е дел од политичкиот наратив, но не и причината поради која илјадници млади ја напуштија Македонија.

Тие си заминуваат затоа што немаат доверба дека ќе имаат достоинствен живот во сопствената држава. Затоа што воздухот е загаден, чистотата е запоставена, здравството не функционира како што треба, судството не ја враќа довербата на граѓаните, платите се ниски, а цените растат од ден на ден. Сиромашните стануваат сè посиромашни, а богатите сè побогати.

И уште нешто.

Кога зборувате дека некои уживаат по јахти и живеат на сметка на народот, зарем не сфаќате дека со тоа индиректно признавате дека институциите не си ја вршат работата? Ако постојат луѓе кои сториле криминал, тогаш тие треба да одговараат пред законот. Тоа е обврска на државата.

Прашањето е едноставно: ако знаете кои се тие, зошто не се изведени пред лицето на правдата? Зошто не се зад решетки? Тоа не е работа на граѓаните. Тоа е ваша работа како премиер и работа на институциите што ги водите.

Наместо постојано да барате виновници во други, време е да преземете одговорност. На Македонија не ѝ требаат изговори. Ѝ требаат резултати чиста животна средина, функционално здравство, независно судство, подобра економија, повисоки плати и институции што ќе работат во интерес на граѓаните.

Тоа е вистинската причина зошто толку многу луѓе ја напуштија Македонија. Не затоа што не ја сакаат својата земја, туку затоа што сакаат држава во која ќе можат достоинствено да живеат.

Извор: Фејсбук

ана с. глас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.