Ана Василевска: Тоа што треба да не вкочани и преплаши до смрт се низата причини кои доведоа да живееме во токсично општество. Има многу, но една од нив бездруго е релативизирање на злото преку праксата на неказнивиост и уште пострашно киднапирање на есенцијалната човекова доблест-моралот. Не оној лажниот морал форматиран во догми и декларативни памфлети, туку вистинскиот исконски морал.
Ако пак отвориме дебата за ова лесно може да отиде во правец на лажно и празно морализирање. Тажно е што повторно границата може да ја повлече само Законот, а совеста и етиката се повеќе стануваат дефицит па дури и на нив се гледа со потсмев од страна на ордите „нелуѓе“ што не бираат ниту средства ниту начин да стигнат до целта. Газат и преку лешеви, како што видовме, убијци маскирани во „нормални идентитети“, патриоти, политичари, семејни луѓе.
Тоа што ние можеме и мораме да направиме е да почнеме да ја исправаме кривата патека, да не бегаме од суштината со банални заклучоци да ги лоцираме и да се спротиставиме на сите и најмали сигнали на злото, и најмногу од се да се вклучиме во потрага на исчезнатата човечност.”, извадок од колумната Реквием за еден сон (moral missing)
Извор: Фејсбук



