Елегантни канцони, премиум вина и поглед кон зајдисонцето ќе ја одбележат музичката вечер со Павле Камилоски на терасата на Queen’s Sunset Bar, во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.
Камилоски пред охридската публика ќе настапи со репертоар исполнет со медитерански мелодии, романтични композиции и препознатливи канцони, во амбиент создаден за опуштена летна вечер покрај езерото.
Настанот е организиран во соработка со винаријата „Душа“, чии премиум вина ќе бидат дел од ексклузивната понуда за посетителите.
Спојот на музиката, виното и погледот кон Охридското Езеро ќе создаде интимна атмосфера во која гостите ќе можат комплетно да уживаат во настапот и во летното зајдисонце.
Павле Камилоски е познат по своите изведби на италијански и медитерански канцони, како и по настапите во кои класичниот романтичен звук го доближува до современата публика.
Вечерта на терасата на Queen’s Sunset Bar е најавена како вистинско музичко и винско доживување за сите што летото во Охрид сакаат да го почувствуваат низ добра песна, чаша врвно вино и магичен поглед кон езерото.




