Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Про-европски „грев” – ЕУ како лакмус тест

0
By Zoran Ivanov on July 7, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2026 17:01

Суштината останува – зошто ЕУ и се’ што е поврзано со евроинтеграцијата е се’ уште “најболната тема” која треба да биде „забранета”? Или барем анатемисана. Тој „паничен” страв од рационализирање на европските интеграции и нивно логично поврзување со систем на вредности и добар живот за граѓаните, а не со „пакет на (идентитетски) жртви” е најконзистентната партиско-партократска политика и наратив во јавниот дискурс во 35 години независност на државата.

 Никица Корубин

Времето е најдобар тест, велат, особено временската дистанца за да се види намерата и матрицата на однесување. И токму “црвената линија” во тој модел на однесување ја открива природата на односот кон некое прашање или носител на тоа прашање. Кај нас, несомнено “црвената линија” била и останала европската и евро-атлантската интеграција – ЕУ како систем на вредности и систем на одржливост. Политичка, економска, безбедносна, културолошка, цивилизациска и фактичка, егзистенцијална одржливост на нормална, организирана и функционална држава Северна Македонија.

И така и (првенствено) низ таа призма треба да се набљудуваат сите процеси и реакциите на процесите кои се одвиваат кај нас. Кои “јавноста” може да ги третира и претстави како партиски процеси (внатре и интер партиски), како политички, како идентитетски, како интер-етнички, како религиозни, како културолошки, како медиумски – појавноста и параванот се само обландата која се “голта”. Како “лесна” вест или интересна интрига. Но, суштината останува – зошто ЕУ и се’ што е поврзано со евроинтеграцијата е се’ уште “најболната тема” која треба да биде “забранета”? Или барем анатемисана.

Тој “паничен” страв од рационализирање на европските интеграции и нивно логично поврзување со систем на вредности и добар живот за граѓаните, а не со “пакет на (идентитетски) жртви” е најконзистентната партиско-партократска политика и наратив во јавниот дискурс во 35 години независност на државата.

Во која “јавноста” може да ја “прости” и да се “адаптира” на секоја грешка (непотизам, корупција, криминал, заробена држава, заробено општество, институционална узурпација, образовна и академска узурпација, систематско уништување на културното наследство, апатија) – но, никако не може да се “прости” евро-интеграцијата како ултимативен и единствено одржлив и можен систем за “исправка” на сите наведени (и многу други) намерно направени грешки низ годините. Ниту како реторика, а не па, како делување и политички одлуки. И особено не може да се “прости” како поддршка на граѓаните за интеграција во ЕУ од преку 70 проценти.

И кога ќе се погледне временската отсечка на нашата независност ќе се види дека сите “шокови” на “ системот” – оној на заробената држава – настануваат тогаш кога државата се приближува и интегрира во светот, кога го потврдува своето постоење. Кога се интегрира во Обединетите нации, кога се интегрира во ЕУ, кога се интегрира со соседите членки на ЕУ – Грција и Бугарија, кога се интегрира внатрешно – Македонци и Албанци, кога се интегрира религиозно (признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патијаршија), кога се интегрира вредносно.

Од Времената спогодба во 1995 година, која требаше во рок од 7 години да го затвори спорот со Обединетитие нации (Грција), преку Рамковниот Охридски Договор во 2001 година, преку формалното отпочнување на преговорите со Европската Унија во 2004 година, преку студентските и граѓанските протести во интервали од 2009 па се’ до 2015/2016 година до СЈО, последователно преку Договорот со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот договор во 2018 година, уставните измени во 2019 година, влезот во НАТО во 2020 година, па се’ до последниот “шок” на “системот” – Преговрачката рамка во 2022 година. Пролонгиран “шок” кој активно трае.

И сите до еден се поврзани со градење на современа, независна и автентична држава и нејзино интегрирање во регионот, Европа и светот. Во Обединетите нации, во НАТО и во ЕУ. Последниот праг кој како да не смее да се помине. Ментално и фактички. Патот да биде обременет со жртви, но не оние реалните, туку оние фиктивните – нарацијата како замена за реалноста. Па, така во креираниот дискурс “за жртвите кои сме ги дале”, никогаш како жртва не се претставени реалните и метафорички атентати – врз претседател на држава, врз функционалност на институции, врз сопственото културно наследство, врз сопственото образование, врз сопствените граѓани, врз меѓу-етничките односи, врз сопствената држава, нејзиниот устав и нејзината позиција во меѓународните односи.

Ништо од тоа не е “грев”, ама “грев” е про-европската реторика? “Грев” е “алфа и омега” темата од која зависи, буквално се’ друго – фактичката правна и политичка ЕУ интеграција, која значи процес на “прочистување” и реформа, низ кластерите и поглавијата? “Грев” е “Бугари во уставот”, а не е “грев” е флагрантното непочитување, дезавуирање и обиди за суспендирање на сопствениот устав? “Грев” е меѓународното позиционирање на државата преку Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор и нејзината стабилност, хуманост и еднаквост со Охридскиот рамковен договор внатре?

И дали всушност, ова беше и најголемиот “грев” на ДУИ како организирана политичка структура низ годините, па го поминува “страшниот суд на јавноста” изминативе години? Дали ова е и главниот “грев” во изминатива половина година на СДСМ, па истиот “страшен суд на јавноста” е преместен од ДУИ на нив? Тоа ли е главниот “грев” во Северна Македонија, издигната речиси на ниво на “вербален деликт” во јавниот говор – ЕУ и интеграцијата на државата во ЕУ? Казната само за тоа ли “стигнува”, за желбата и намерата за нормален живот, па превентивно или пост-фестум се “уништува” секоја форма која тоа може или треба да го овозможи?

Но, историјата секога е прашање на контекст. Таа не е прашање на допадливост, туку на достапност. Целта и јасната идеја за неа, секогаш се потпира на факти и вистина. И токму затоа таа секогаш се заматува и се де-контекстуализира. За да не се добие одговорот, кој го чекаат граѓаните 35 години – зошто она што за нас е „сон”, за вас е “грев”? Поради контролата и монополот или поради самата идеја за независност? Кој е „гревот” што го правиме и кој е „гревот” што ни’ се наметнува?

Од фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.