Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила.
На 10-ти август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина, животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.
Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.




