Како неефикасниот систем успеа да создаде можности за криминални групи кои ги напаѓаат и ограбуваат мигрантите, вршат криjумчарење и трговија со луѓе? Може ли да ескалира состојбата во Центарот за мигранти пред рамазанските пости, поради катастрофалните услови.
Што ќе се смени со измените на Законот за азил, постојат ли други начини да се спречи хуманитарната катастрофа? Зошто меѓународните хуманитарни организации кои се во државата не го користат својот мандат за да помогнат, во ПРОЦЕС зборуваат Мерсиха Самиловиќ од Невладината организација „Легис“ и Аница Томшиќ Стојковска советничка за превентива од тортура на Народниот правобранител.