Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Крик за слобода на мигрантите: „Не сме терористи“

0
By Влатко Чаловски on June 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2015 21:57


„Ние не сме терористи. Низ Македонија само патуваме, патувавме и низ Турција и низ Грција, а сакаме да продолжиме во странство бегајќи од војните. Овде сме и Христијани и Муслимани од различни земји“.

Ова е крикот за слобода на еден од мигрантите кои се затворени во Прифатниот центар во Гази Баба, во услови полоши од затворските, во решетки и со големо присуство на полиција.

Низ плач и крик за помош, еден од мигрантите кои знаеше англиски јазик, побара од активистите и граѓаните, кои денеска им се приклучија на движењето #Протестирам, да им се придружат во борбата за слобода.

Маршот на #Протестирам започна некаде после 18 часот, а маршутата се движеше од Кампот на слободата пред Владата, преку Бит Пазар, во Гази Баба каде што се наоѓа Прифатниот центар.

Луѓето кои за прв пат видоа со свои очи какви во какви услови живеат бегалците на Сирија, Авганистан, Сомалија и други земји во овој Центар, беа ужаснати. На многу од лицата на присутните можеа да се забележат солзи. Од решетките на прозорците кои им се единствен контакт со надворешниот свет на бегалците, се гледаа подадени раце кои молат за помош, за слобода.

Еден од граѓаните рече дека за прв пат се чувствува засрамен поради својата држава.

Активистите и граѓаните ги делеа решетките и кордонот полиција, а и од едната и од другата страна се скандираше „Слобода“. И од едната страна, и од другата страна присутни беа малолетни деца.

>> НОВА меѓу мигрантите: Сакаме што побргу да избегаме од Македонија!

Откако #Протестирам пристигнаа пред Прифатниот центар, активистот Воислав Стојановски и политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани на мигрантите им ги прочитаа нивните права на арапски и на македонски јазик, а упатија и неколку пораки на англиски во кои, придружени од граѓаните, им порачаа на мигрантите „Не ве забораваме“.

„Знаеме дека спиете на под, дека немате топла вода. Ги знаеме неправдите со кои се соочувате. Кој и да излезе од вас има право да ја тужи државата во Стразбург. Ние сме народ и земја која во историјата имала бегалци, како Егејците и Косовците. Ние живееме со тоа чувство, дојдовме да им кажеме на овие луѓе дека им го разбираме јазикот и маката. Не бараме ништо посебно од властите, само да има измени во законите“, рече Рамадани.

Во меѓувреме, мигрантот кој зборуваше во името на групата, рече дека внатре не се терористи, туку школувани луѓе, лекари, инжењери, студенти кои побегнале поради лошите услови во својата земја.

„Ние сме сведоци на ова валкано место. Немаме проблем со македонскиот народ туку само сакаме да поминеме. Велат дека е нелегално. Ја минавме и Турција, но никој не рече ништо.
Ние сме тука бидејќи нашиот народ е меѓу војна и оган. Ни треба поддршка, некој да не слушне, ние умираме. Ние сме тука бидејќи законот не не поддржува нас туку криминалците. Вие сте единствените кои можат да ни помогнат. Извлечете не одовде“, побара тој во име на сите мигранти.

За нехуманите услови во Гази Баба неодамна покрај невладините организации, реагираше и Народниот правобранител кој алармираше и за заразни болести што се шират во Центарот.

Стотици мигранти од Грција, преку Македонија и Србија се обидуваат да стигнат во развиените европски држави. Бидејќи за македонските закони тие се илегалци, во страв од полицијата најчесто пеш се движат по пругите или автопатот од Гевгелија кон Куманово.

Изминативе месеци, во земјава над 30 мигранти ги загубија животите додека се чека на измените во законот, според кои, налик на законите во Србија, би им се дозволил 72-часовен период за легален престој во Македонија од каде ќе можат да транзитираат во Европа, без притисок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.