Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИВЗ бара мигрантите да ги напуштат џамиите, државата се уште нема план за нив

0
By Менче Атанасова Точи on June 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2015 17:47

Државата да си ја превземе обврската и да обезбеди капацитети за сместување на мигрантите. Џамиите каде што се носат треба да се испразнат бидејќи утре започнува рамазанскиот пост, порачуваат од Исламската верска заедница. Од таму потенцираат дека мора да се обезбеди простор за верниците да можат да ги изведуваат верските обреди за време рамазанските пости.

„Ја повикуваме државата да си ја преземе обврската и да обезбеди капацитети за сместување на бегалците, а не да ја префрла топката на нас. Има доволно ресурси, не може ИВЗ да ја презема одговорноста на државата. Сочуствуваме со тие луѓе но, треба институциите да си ја преземат обврската. До вчера не ги пуштаа, а сега ги носат во џамиите каде што нема место за верниците„изјави за НОВА Агрон Војника директор на Секторот за односи со јавноста во ИВЗ.

Војника објаснува дека и ИВЗ помагала со делење на храна за мигрантите, вчера и тие делеле пакети во Велес. Од таму се револтирани бидејќи синоќа четири вагони со мигранти биле однесени во џамијата во Куманово.

„Дали некој сака намерно да предизвика конфликт. Државата, УНХЦР и други организации кои се занимаваат со мигрантите земаат финансиски средства за тоа и треба да си ја завршат обврската“, вели Војника
.
Тој порачува дека џамиите за време на постот треба да бидат место за верниците.

Од друга страна Владата вчера формира координативно тело од министрите за надворешни работи, за здравство, за полиција, локална самоуправа и социјала кое ќе ја следи состојбите со мигрантите и ќе презема мерки и чекори во согласност со своите надлежности.

Помошник министерот на МВР Иво Котески тврди дека координативното тело почнало со работа, ја следи состојбата, но вели измените на Законот се уште не се донесени.

„Координативното тело ја следи состојбата и ги има во обзир сите работи, врши скрининг и ќе биде навремено и соодветно реагирано“, изјави Котевски.

На прашањето дали државата ќе си ја превзема обврската да им обезбеди капацитети бидејќи од ИВЗ реагираат и бараат мигрантите да ги напуштат џамиите, Котевски со одговор дека МВР не ги носи мигрантите во џамиите и не знаат кој ги сместува таму.

„ МВР си ја презема обврската со тоа што ја следи состојбата. Со донесување на Законот ќе се носат соодветни одлуки, лицата кои ќе бараат азил ќе добиваат соодветни упатства како и каде да го направат тоа„ изјави за НОВА Котевски.

Тој вели дека засега бегалците ќе бидат упатувани во Центарот за азил бидејќи таму се празни просторот постојано, некои доаѓаат, други заминуваат.

Од Невладината „Легис“ велат дека барањето на ИВЗ е крајно нехумано бидејќи месецот Рамазан е поврзан со милосрдие и со сочувство со сиромашните посебно кон луѓето кои немаат никого и ништо во оваа земја.

„Ако нашата земја нефункционира џамиите можат барем овие неколку дена да ги примат и тоа нема да биде долго, туку до утре, до донесување на Законот или максимум една недела, а верниците повторно ќе можат да си влезат во своите празни џамии и да си ги извршуваат молитвите. Но, молитвата за Рамазан не е на еднакво ниво како што е обврската за давање помош на сиромашните. Јас не велам дека ИВЗ од џамиите треба да направи емигрански центри, туку само да го покаже и отвори своето своето срце и како што ги отвара своите донации да помогне и на оние кои што минуваат од тука“ вели Јасмин Реџепи од „Легис’.

Што се однесува до државата од „Легис“апелираат да им овозможат на бегалците да го користат јавниот превоз до донесување на Законот бидејќи и така тоа го прават пеш или на велосипеди.

Реџепи смета дека крајно нехумано е да се сместуваат бегалците во прифатните центри и потенцира дека бегалците при влез во државата треба усно да се изјаснат за азил и веднаш да им се дадат потврди за престој од 72 часа. Потоа да се упатат до најблиската автобуска или железничка станица од каде самите ќе си купат билети, ќе се качат на воз или автобус и како слободни граѓани ќе се движат во тој период од 72 часа.

„Апелирам и ве молам, немојте да дозволите да создадеме уште една Гази Баба, ова го баравме за да нема страдање и умирање по патиштата на народот за чија што судбина не сме ние како држава и народ виновни“, порача Реџепи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.