Состанокот на Реис ул Улема Ефенди Реџепи со скопските муфтии заври со без конкретна одлука за протести против изградбара на Бурмали џамијата, дознава НОВА.
Според нашите извори Реисот и муфтиите се на ставот дека до четврток или најдоцна петок ќе го чекаат одговорот од Владата по нивното барање за престанок на градежните работи на местото на поранешната Бурмали џамија, бидејќи сепак протестите не се популарна мерка.
Доколку до крајот на работната недела не се промени ништо или не добие позитивен одговор од Владата, верниците од исламска вероизповест ќе излезат на протест.
Како што изјави за НОВА, Јасмин Реџепи член на Координативното тело на невладините организации подржувачи на ИВЗ тие не се откажуваат, градежните работи на местото на поранешната Бурмали џамија мора да запрат и земјиштето да се врати во владеење на ИВЗ.
ИВЗ ја има поддршката од над 70-те невладини организации кои во знак на поддршка на ИВЗ би излегле на протест.
Како што веќе информираше НОВА, на средбите на Реисот со дипломатскиот кор во земјава било констатирано дека не треба да се излегува на протест поради чувствителната атмосферата во Скопје, поради што досега неколку пати протестите биле одложувани.