НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот на ЕК: УБК или нарушување на повеќе права на целата држава

2
By Нова ТВ on June 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неверојатни проблеми во македонските институции открива извештајот кој, по нарачка на Европската комисија (ЕК), го изработи групата експерти под водство на Германецот и поранешен директор во ЕК Рејнхард Прибе.

Извештајот на 20 страници се фокусира пет дела: интерцепција на комуникациите или прислушувањето, судството и обвинтелството, контролата на од страна на независни органи, изборите и медиумите.

Групата на Прибе имаше за цел да направи објективна слика на ситуацијата како што велат авторите. Тие констатираат дека сите проблеми од петте набројани области “не можат да се негираат ако сакаме да бидеме сериозни” но констатираат исто така дека законската рамка на Македонија не е проблематична. Но, како што тоа веќе со години го повторува ЕК, во Македонија оваа добра законска рамка не се применува на објективен и непристрасен начин: “Помеѓу законската рамка и праксата има значаен јаз и тоа мора итно да се надмине”.

Корупцијата мора да биде топ приоритет

Според извештајот, снимките покажуваат сериозна политичка корупција на повеќе нивоа и на повеќе начини.

“Борбата против оваа корупција дефинитивно мора да стане топ приоритет на земјата. Самиот проблем на корупцијата заслужува посебен извештај”. Експертите велат дека корупцијата е најсериозниот проблем во земјата покрај специфичните проблеми кои произлегуваат од актуелната криза и прислушувањето кое е во центарот на овој извештај.

Оттука дојде и одбивањето на ЕК да испрати експерти на барање на Јавното обввинителство. Веќе тогаш ЕК сметаше на овој извештај и не сакаше да се најде приклештена во институциите да гледа што се случува а да не нема мандат било што да стори.

“Премногу често и насекаде, групата беше соочена со одбивање да се преземе одговорност, минималистичка интерпретација на мандатите на институциите и склоност за криење зад компетенциите на другите институции како оправдување за да не се реагира, наместо промовирање на култура на владеење која презема одговорност проактивно за да придонесе за надминување на актуелната криза и да се поправат досегашните трендови”, остро вели извештајот.

Количината на материјалите во снимките е огромна:

“Изработката на овие снимки се вели дека е нелегална и дека се одвивала во текот на долги години и не била предмет на легитимна судска истрага. Снимките се квалитетни и со нивоа и број кој генерално во може да се сфати дека биле направени во националната разузнавачка служба. Содржината на многу снимки дава индикации за незаконски активност и злоупотреба на власта од страна на високи владинит фукнционери”, вели извештајот.

УБК работела во корист на владата

Според експертите, УБК работела вон од својот мандат и во корист на владата со тоа што ги контролирала високите фукнционери од јавната администрација, обвинтелите, судиите и политичките противници.Сето тоа укажува на јасно мешање на власта во судството и другите институции.

Од техничка гледна точка, вели извештајот, УБК има монопол врз употребата на снимањето во разузнавачки и криминални истраги. Прислушувањето се врши и надгледува ексклузивно од страна УБК за самата служба но и за полицијата, финансиската полиција и царинската администрација. Оттука, УБК ги има средствата влијае на криминалните истраги и индиректно да ја поткопува независноста на тој што ја води истрагата како обвинителот.

Во својата работа експертите биле информирани дека се води истрага за снимките. Но, групата експерти исто така вели дека «би било загрижувачки доколку оваа истрага се води ексклузивно или главно кон луѓето од опозицијата и во врска со протекувањето на овие документи а не кон содржината на малверзациите кои произлегуваат од многу од овие транскрипти», советуваат експертите.

Целосно непочитување на професионалната етика

Оттука, извештајот дава повеќе препораки кои треба да помогнат да се надмине актуелната криза и да се тргне во конкретни активности кои треба да ги направат и владата и опозиицијата. Според извештајот, не се потребни промени во законите бидејќи сето тоа може да се работи во постоечките закони.

Скандалот на прислушувањето покажува целосно непочитување на професионалната етика и основите принципи на раководењето со ризици и недостиг на знаење за сензитивноста на разузнавачката служба во УБК, со запрепастување констатираат експертите.

Степенот на незаконското снимање на разговори, концентрацијата на власта во УБК, недостигот на контрола вон од УБК покажуваат повеќе нарушувања. Како нарушување на фундаменталните права на прислушуваните лица, сериозно нарушување на законот за заштита на приватните податоци, нарушување на Виенската конвенција за дипломатски односи, јасно директно влијание на високи фукнционери од владата и партијата во илегални активности како изборни манипулации, корупција, злоупотреба на власта, конфликт на интереси, уцени, притисок врз јавни службеници за гласаат за една партија со закана дека ќе бидат отпуштени, криминални штети, негална заработка, непотизам итн. Експертите не забораваат да кажат дека има индикации за неприфатливо политичко влијание во именувањето на судии и влијание во други институции кои треба да бидат независни. Сето тоа е правено за лична или партиска корист.

Препораки за УБК

По сите овие констатации за болеста на Македонија, следат препораки како на пример соодветно намалување на мандатот на УБК.

«УБК не треба да има директен пристап до техничкаѕа опрема која дозволува да се следата комуникациите», велат експертите и додаваат дека копчето кое треба да се притисне за да се следат комуникациите треба да биде преселено кај провајдерите на телекомуникации. Тие треба да го активираат сигналот до компетентите агенции за примена на законот како полицијата, царината, финасиската полиција, УБК или министерството за одбрана но само доколку постои наредба на судот и само доколку треба да се откриваат нелегални активности.

«Во ниту еден случај УБК не треба да има практичен капацитет директно да го фака комуникациите», велат експертите и потсетуваат дека за такво нешто е потребен судски мандат за цели како националната безбедност или посебна заштита на јавен интерес.

Извештајот исто така потсетува дека УБК мора да биде контролирано од Собранието на состаноци на кои мора да има претставници на опозицијата а пратениците треба да им дозволат на експертите од оваа област да им помагаат во работата.

Судството партизирано, потребна е ефикасна истрага за содржината, и за тоа како се набавени прислушуваните разговори

Службите на судството и обвинителството треба да можат да работат независно и непристрасно. Од друга страна, постои перцепција дека во одредени области, особено за оние случаи кои имаат политичка димензија или се од интерес на политичари, стандардите се занемаруваат.

Имаше извештаи до експертите од неколку извори дека постои атмосфера на притисок и несигурност во судството. Ова се потврдува со откритијата од прислушуваните разговори. Многу судии веруваат дека промоцијата во судството е резервирана за оние чии одлуки се во корист на политичкиот состав.

На сите случаи треба да им се пријде ефикасно, независно и непристрасно врз основа на законите. Судии на сите нивоа, треба да се бираат исклучиво по заслуга, а во тоа голема улога има Академијата на судии и обвинители. Што се однесува на именувањето на судии, има недостаок на транспарентност и во стандардите и во процедурите, се оценува во Извејштајот.

Тие треба да бидат номинирани од Судскиот совет и да поминат две гласања. Прислушуваните телефонски разговори откриваат дека преовладува политичкото размислување при назначување на судии. Справувањето со бројните нерешени или претстојните случаи и истраги поврзани со тековната криза е посебен предизвик и ќе биде тест за функционирањето на судството и јавното обвинителство на земјата на ефикасен , независен и непристрасен начин.

Потребна е ефикасна истрага за неколкуте криминални дејствија поврзани со следењето на комуникациите, затоа од каде се и нивното објавување, како и за криминалните дејствија кои излегоа во јавноста од содржината на разговорите. Веродостојноста на прислушуваните разговори не е сериозно оспорена, но фактот дека информациите можеби се прибавени на нелегален начин е комплициран фактор во однос на истрагтаа или гонењето врз основа на тие податоци.

Следува делот од Извештајот кој се однесува на изборите во РМ и состојбата со медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.