НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот на Прибе за медиумите: Новинарите работат со страв

1
By Нова ТВ on June 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако се направени некои позитивни чекори, како на пример, декриминализација на клеветата, земјата e жртвa на криза со медиумите, која постепено во текот на последните години се влошува, се вели во Извештајот на Европската комисија, изработен од група експерти под водство на поранешниот директор во ЕК, Рејнхард Прибе.

Во него стои и дека во последните индекси на слобода, како што се Репортери без граници и Фридом Хаус, индексот на слободата на медиумите во Македонија го достигна најниското ниво.

– Слабите рангирања се одразуваат на медиумската заедница која е песимистички настроена дека може да се избега од контролата на државата, политизацијата и економското деградирање на медиумите, се вели во Извештајот.

Во забелешките се вели дека, медиумската криза ги лишува новинарите од нивната способност да работат професионално и без страв, а медиумските сопственици и приватни огласувачи ризикуваат политичките сили да им се одмаздат доколку не ги поддржат нивните агенди.

– Неколку соговорници информираа дека “розовото светло” доминира во медиумите, во смисла што заканите, недостигот на работни услови за новинарите и финансиската нестабилност за медиумските компании, ги прави зависни на владините реклами и произведуваат амбиент на страв кој што го охрабрува самоцензурирањето.

Во однос на медиумската криза, исто така се истакнуваат сериозни загрижувања за селективното известување и недостиг на уредничка независност во Јавниот сервис.

Според експертите кои работеа на извештајот, неодамнешните прислушувања потврдија постоење несоодветниот однос меѓу уредници и високи владини функционери, со изгледи за примање директни наредби, медиумите од владините функционери.

– Оваа практика го нарушува правото на публиката да добие информација од повеќе извори и го намалува просторот за објективно и балансирано известување на фактите, стои во извештајот.

Препораки

Во препораките се потенцира дека сите медиуми мора да бидат ослободени од било каков политички притисок без мешање и закани, а медиумите треба да се дистанцираат од партиските политики и не треба да бидат во служба на политичарите и политичките партии.

– Јавниот национален сервис треба да настојува, да биде комплетно непристрасен и независен од политички, комерцијални и други влијанија и идеологии и да допринесе за информирање на граѓанството, се вели во препораките.

Клеветата не треба да се користи како средство да се задуши дебатата. Од особена загриженост е кога политичари тужат новинари за клевета, но исто така и кога тужат други политички фигури, наместо да ги решат меѓусебните несогласувања низ други средства, како што е јавната дебата.

Експертите кои работеа на извештајот предупредуваат дека судовите со обвинувањата за клевета треба да се носат на балансиран начин, независно од можни политички импликации за поединечен случај.

– Судовите треба да развијат чиста и силна практика за заштита на слободата на изразување во поглед на обвинувањата за клевета, стои во препораките.

Се потенцира и дека купувањето политичка поддршка од медиумите преку финансиско поддржување на медиумскиот пазар е неприфатливо, а треба да се применат строги правила за владиното рекламирање.

Експертите заклучуваат и дека медиумското сопствеништво и медиумското финансирање треба да бидат транспарентни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.