Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција пред договор, но што по договорот

0
By Нова ТВ on June 23, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2015 11:33

Графит во Грција, фотографија на АП

Грција по се изгледа ќе го избегне сценариото на банкрот и излез од еврозоната кое во изминатиот период се чинеше толку реално остварливо. Изјавите по синоќешните преговори кои доаѓаат од европските институции, од европските лидери и од лидерството на самата Грција влеваат сигурност дека во пресрет на самитот на ЕУ во четврток ќе биде постигнат договор. Понеделникот, односно вчерашниот ден беше обележан како клучен за финансиската судбина на задолжената Грција и нејзината европска иднина.

И германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск синоќа изјавија дека сите лидери работеле во насока на изнаоѓање решение и дека преговорите биле конструктивни, изјави кои оставија впечаток на силен оптимизам дека решението, сепак, се гледа на хоризонтот.

По многуте политички натегања се чини дека за два дена може да се очекува договор кој предвидува спроведување на длабоки реформи за намалување на грчкиот долг којшто во моментов изнесува 320 милијарди евра. Грција и кредиторите се во преговори за исплата на ветената рата од околу 7 милијарди евра, а во јули земјата ја чека исплата од 1,5 милијарди евра рата од долг кон Светската банка. Некои од реформите предвидуваат ДДВ на прехранбените производи во Грција како и на електричната енергија. Грчкиот премиер, пак, изјави дека решението е во духот на социјалната правда.

„За прв пат товарот нема да падне на пензионерите и вработените. Ние ги штитиме платите и пензиите и просечните семејства. И за прв пат, ги повикуваме оние кои се способни да го понесат товарот, така што можеме да излезем од оваа криза еднаш за секогаш”, рече Ципрас.

Но што после договорот?

Во меѓувреме, државни претставници и банкари од земјите на ЕУ на социјалните мрежи ги изнесуваат своите ставови за грчката криза. Повеќето на евентуалниот договор гледаат како на надминување мала пречка на патеката се до следната и следната.

Франческо Пападија, поранешен директор за пазарни операции во Европската централна банка предупредува дека предлогот за спас на Грција паѓа на два фронта: нема да ја направи грчката економија поконкурентна и не носи никакво олеснување во перспектива во однос на долгот.

-Блиску сме до договор со Грција, но што е со квалитетот на тој договор? Се е околу фискалните корекции, ништо за структурни реформи и намалување на долгот, пиша Пападија на Твитер.

– Под претпоставка дека навистина ќе постигнеме договор во последен момент, следното прашање е дали поединечните парламенти ќе го ратификуваат и, колку време ќе помине додека да ни затреба нов договор, на Твитер напиша Кит Џакес од банката Сосиете Џенерал.

Стравовите на банкарите веќе почнуваат да се потврдуваат. Следниот твит е од австрискиот минитсер за финансии Ханс Јорг Шелинг кој пиша:

– Ако нема програма за акции кои кажуваат која мерка кога ќе биде имплементирана ние нема да се согласиме на договорот.

Сепак, по најавите за постигнување договор помеѓу Грција и кредиторите грчката берза бележи раст, што според познавачите говори дека инвеститорите се позаинтересирани за договорот кој ветува стабилност, отколку за ваквата состојба на неизвеност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.