НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Се надеваме дека Македонија ја слушна нашата порака

0
By Светлана Јовановска on June 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што вчера информираше дипломатски извор на НОВА, на вчерашната дебата за Македонија на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, било кажано дека од земјата се очекува брз напредок и договор на 29 јуни кога е закажана следната рунда преговори. Во спротивно, на своите следни средби ЕУ ќе мора да донесе заклучок за повлекување на препораката за членство и да констатира дека европскиот пат на Македонија е доведен во опасност.

На денешната прес конференција, на прашањето дали ЕУ размислува на Македонија да и ја укине целата финансиска помош поради тоа што во земјата нема напредок и кризата се продлабочува, шефот на литванската дипломатија Едгарс Ринкевич, кој во моментов претседава со ЕУ, рече дека за такво нешто не станало збор.

Тој ги поддржа и пофали напорите на комесарот Јоханес Хан во земјата.

“Вчера имавме дебата за поранешната југословенска Република Македонија. Денес тема беа заклучоците на министрите. Испративме јасна порака до сите политички партии во земјата дека мораат да се ангажираат во вистински дијалог и да продолжат со реформи. Тоа се гледа и во заклучоците. Се надеваме дека оваа порака ќе биде слушната. Ако ситуацијата не се поправи, ќе се вратиме на оваа тема подоцна. Но засега нема дискусија за поинакви чекори”, рече Ринкевич денес по министерската средба.

Како што веќе беше објавено, Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ повтори дека за загрижен за ситуацијата во земјата , особено за тековната политичка криза.

Министирте го поддржаа ангажманот на комесарот Хан и му дадоа исто така поддршка на договорот постигнат во Скопје на 2 јуни.

«Овој договор ги утврдува обврските на лидерите на најголемите политички партии за справување со сериозната загриженост за владеењето на правото како и посветеноста на процесот на пристапување кон ЕУ и на демократските принципи на земјата, вклучувајќи го и одржувањето добри меѓуетнички односи преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, како и со зајакнување на добрососедските односи.

Советот го смета договорот од 2 јуни како основа за идните дискусии. Советот ги повика политичките партии во интерес на граѓаните и на земјата да ја преземат одговорноста, како и итни мерки за постигнување одржливо решение и конструктивно да продолжи политичкиот дијалог како и напорите за да се врати довербата во институциите», велат заклучоците.

За да се реши политичката криза ЕУ повикува да се реализираат сите препораки на Европската комисија «почнувајќи со приоритетите за итна реформа, во однос на владеењето на правото што произлегува од актуелната криза, вклучително прекршувањето на фундаменталните права, судството, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизацијата на државните институции и мешањето на државата со партијата и замаглувањето на надзорот.
Примената на овие препораки ќе бидат внимателно следена од страна на Комисијата».

Советот прецизира дека треба изборна реформа во согласност со препораките на ОБСЕ / ОДИХР и тоа итно за да се обезбеди слободно и фер спроведување на идните избори. Тоа, велат министрите, ќе биде важен индикатор на реформите во овој поглед.

Освен тоа Советот на ЕУ повикува и на «што е можно поскоро темелна и независна истрага за материјалите кои откриваат какви било кривични престапи, со целосна почит кон самиот процес, принципот на независност на судството и презумпцијата на невиност».
Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Македонија во јули ќе даде детален извештај за конкретни преземени акции предвидени во следните месеци.

«Истакнувајќи ја потребата на поранешната југословенска Република Македонија да направи видлив напредок кон исполнување на приоритетите за итни реформа а во согласност и со заклучоците од 16 декември 2014 година и оние од 21 април, 2015, Советот го потврдува ангажманот на ЕУ, вклучително и преку редовно известување од страна на Комисијата и на EEAS за, меѓу другото, приоритети за итна реформа и за европскиот напредок за процесот на пристапување во ЕУ и за ситуацијата во земјата», вели Советот и додава дека ќе се наврати на ова прашање во следните месеци.

Овие заклучоци ќе бидат усвоени во четврток и петок од страна на лидерите на ЕУ на нивниот редовен самит.

Европското претседателство на 1 јули преминува во рацете на Луксембург.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.