ИВЗ се откажа од протести, пренесуваат медиумите на албански јазик во Македонија, одлука донесена на вчерашната вонредна седница.
Првично, Реисот и муфтиите беа на ставот дека до четврток или најдоцна петок ќе го чекаат одговорот од Владата по нивното барање за престанок на градежните работи на местото на поранешната Бурмали џамија, бидејќи сепак протестите не се популарна мерка.
Како што веќе информираше НОВА, на средбите на Реисот со дипломатскиот кор во земјава било констатирано дека не треба да се излегува на протест поради чувствителната атмосферата во Скопје, поради што досега неколку пати протестите биле одложувани.