Група родители покренаа Инцијатива за промена на Законот за семејство и бараат еднакво, споделено старателство врз децата по разводот, во однос 50-50. Тие бараат државата да не биде соучесник во неодговорното родителство со тоа што најчесто одредува „викенд –татковство“.
Можен ли е ваков модел на старателство кај нас и кој е неговиот концепт? Во ПРОЦЕС зборуваат Горан Стоев од Иницијативата за промена на Законот за семејство и Драги Змијанац директор на Првата детска амбасада Меѓаши.
Во емисијата има потресно сведоштво на еден татко, родител кој не може да си ги види децата кога сака, како и стручно мислење од психологот Марија Стефановска која објаснува зошто е потребна промена на законската регулатива.