Уставниот суд на денешната седница одлучи дека треба да се оддржи дополнителна расправа за прашања релевантни за ицијативата за преиспитување на уставноста на Законот, поднесена од Хелсиншкиот комитет и Стамен Филипов.
Мнозинството судии го отфрлија и предлогот на претседателот на Судот за донесување на времена мерка со која би се спречило спроведувањето на актуелниот Закон за лустрација се додека не се донесе конечната одлука.
Уставиот суд минатата година побара мислење од Венецијанската комисија а во врска со одредбите на законот кои според иницијаторите на расправата, Хелсиншкиот комитит и Стамен Филипов, ги загорзуваат човековите права.
Венецијанската комисија во декември минатата година го соопшти својот став за тоа дека Законот не е во согласност со препораките на Советот на Европа во делот на временскиот период и опфатот на лица.
Според Венецијанската комисија, Законот за лустрација треба да служи за справување со минатото со цел да се обезбеди иднината на демократските процеси, а не за освета и справување со политичките неистомисленици.