Десетици граѓани утрово со собир на Водно успеаа да ја спечат градежната механизација да руши гаражи на улицата Питу Гули, за да се отвори пат за градба на плацот на Водно.
Планот е да се срамнат четири гаражи за да се пробие пат до парцели со површина од околу 2.000 квадратни метри.
Револтираните граѓани извикуваа „Уа инспекција, нели ви е срам“, „За Грујо работите, мафијаши“, по што градежните инспектори се повлекле од локацијата.
Ова е втор пат како граѓаните со протест го бранат овој дел од Водно. Заедно со граѓаните, Водно го брани и бизнисменот Ристо Гуштеров, кој е сопственик на една од гаражите. На 2 јули, познатиот бизнисмен заедно со соседите издејствува времено стопирање на планот на Управната градежна инспекција која рано утрово, потпомогната од приватна градежна фирма и чувана од полицијата, тргна да урива гаражи .
Скандалот со градежните активности на Водно беше споменат и во политичките „бомби“ на опозицијата. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев обелодени аудио снимки, според кои тој вели дека планот за градење на Водно е на висок владин фунционер.
ВидеоA1on




