Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никој не знае колку нелегален отпад има во земјава, во октомври еколошка акција

0
By Нова ТВ on July 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 10, 2015 17:07


Голем дел од отпадните локации низ Македонија се непознати, двесте илјади тони нелегален отпад има само во руралните средини што никој не го собира, а еколошката свест кај граѓаните е на ниско ниво.

Ова се главните причини поради кои граѓанската платформа „Ајде Македонија“ како дел од „Let’s Do It! World“ глобалното движење организира масовна еколошка акција , чија крајна цел е справување со нелегалниот отпад низ земјава, негово мапирање и подигнување на свеста кај граѓаните.

Проектот завршува на 3 октомври, кога и ќе се случи масовна акција за чистење на однапред мапирани локации, а дотогаш ќе се разработуваат различни алатки за запознавање на граѓаните со акцијата преку мобилни апликации , интернет мапа и слично.

-Веќе работиме на алатките за мапирање. Ќе имаме мобилна апликација на мапирање и веб страна со мапа на Македонија со отпадни локации, така што секој граѓанин ќе може на таа мапа да заведе одредена отпадна локација што ја сликал, да го класифицира каков вид на отпад е, колкав обем зафаќа итн. Со овој начин сакаме да го направиме првиот регистар за нелегален отпад во Македонија.

Моментално во Македонија никој не знае колку нелегален отпад има исфрлено. Општините знаат нешто, но тоа е една нецелосна слика. После мапирањето, планираме да ја направиме националната акција за чистење на 3 октомври, за која веќе го имаат прифатено предизвикот да се вклучат огромен број невладини организации, компании и граѓани, вели за НОВА Блаже Јосифовски, претседател на граѓанската платформа „Ајде Македонија“.

Според Јосифовски, најпроблематични се руралните средини, бидејќи таму нема организиран систем на подигање на отпад.

-Најпроблематични се руралните средини, околу 200 илјади тони годишно отпад никој не ги собира бидејќи немаат организиран систем на подигање на отпадот. Таа состојба мора да се поправи и тоа претставува 25 отсто од вкупниот отпад кој се генерира во Македонија, вели Јосифовски.

Во следниве два месеца низ градовите низ Македонија ќе се организираат и низа промотивни и едукативни настани за мотивација на граѓаните.

Македонија за првпат ја реализираше глобалната акција на “Lets do it world” на 6. октомври 2012 година со организирање на над 440 отпадни локации во 54 општини, во кои беа вклучени над 55 000 граѓани и отстранети 60 000 м3 отпад.

Отпадот беше однесен во Дрисла и општинските депонии, а беа собрани и 20 тони пет амбалажа и над 10 тони хартија кои беа рециклирани од страна на постапувачите.

„Let’s Do It! World“ движењето е граѓански инспирирано масовно движење кое започнува во Естонија кога за време на 2008 година за еден еден се собираат 50,000 граѓани и ја исчистија земјата за само пет часа. Сега ова движење има меѓународен карактер, се одржува во 112 држави со преку 13 милиони учесници.

Од граѓанската платформа „Ајде Македонија“ се надеваат дека годинава за акцијата ќе успеат да се мобилизираат 50 000 граѓани, кои би придонеле за почиста животна средина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.