Сто и петнаесетте кардинали вечерва го избраа новиот поглавар на Католичката црква, наследникот на Бенедикт Шеснаесетти.
Белиот чад од Сикстинската капела му објави на светот дека кардиналите избраа нов папа на Католичката црква.
Името на новиот Папа се уште е непознато.
Иако се претпоставуваше дека конклавата за изборот на новиот папа ќе трае и до пет дена, новиот папа е прогласен веќе на вториот ден. Според правилата, кардиналот Џен Луис Тауран ќе го објави изборот на новиот папа со латинските зборови: “Annuntio vobis gaudium magnum. Habemus papam”, односно “Објавувам голема радост. Имаме папа!”.
Пред да започне конклавата, немаше фаворит кој би го заменил Бенедикт XVI.