Светски познатата историчарка Марија Тодорова, вчера, во преполниот клуб ГЕМ, одржа предавање насловено „Дали постои слаб национализам и дали е тоа корисна категорија?“ Таа на предавањето изложи свои најнови сознанија, од кои дел, се уште не се објавени.
Тодорова говореше за своите истражувања и анализи на историографијата и на типологијата на национализмот, а особено државно спонзорираниот национализам, се осврна на концептот за т.н. „слаб национализам“. Користејќи ја компаративно оваа аналитичка категорија, таа го толкува национализмот во Бугарија и во Македонија како два примери – студии на случај, во рамките на балканскиот, европскиот и глобалниот контекст.