По кој критериум се врши обесштетувањето на ранетите и загинати припадници на безбедносните сили во конфликотот 2001-ва? Некои од нив воопшто не добиле надомест, за други, срамно и дискриминирачки е тоа што го добиле. Прислушуваните разговори обелоденија како селективно се делеле парите и по чија директива, велат воените инвалиди и бараат закон со кој ќе имаат еднаков третман при обесштетувањето.
Во ПРОЦЕС на оваа тема зборуваат Аца Јаневски, воен инвалид и Оливера Доцевска, адвокатка.