Татко ја застрелал ќерка си, а потоа и самиот си пресуди, информира полицијата од Тетово. Драмата се случувала вечерва околу 19 часот во домот на семејството во Мала Речица. Се претпоставува дека несогласувањата настанале поради љубовната врска на девојката која таткото не ја прифаќал и барал да се прекине. Убиството и самоубиството се извршени со пиштолот на таткото што го поседувал со дозвола.
Инаку, и двајцата работеле во странство. Ќерката која имала 27 години дошла дома пред неколку дена, а нејзиниот 51-годишен татко денеска.
– Екипи на СВР Тетово, истражен судија и обвинител во моментот вршат увид на местото од трагичниот настан и работат на откривање на причините што довеле до него, вели за МИА портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски.